Грција треба да излезе од должничката криза. Но, како? Со ова прашање се занимаваат политичари и експерти. Шефот на т.н. Таск-форс Грција, Хорст Рајхенбах нема рецепт, но има идеи.
Хорст Рајхенбах порадо работи во позадина. Со неговиот т.н. Таск-форс од околу 30 соработници на Европската комисија се обидува да и’ помогне на Грција при спроведувањето на реформите. Со оглед на тоа што ситуацијата се чини се’ позастрашувачка, одеднаш многумина се интересираат за Рајхенбах и неговиот став.
„Многу е важно ова да се согледа како помош, а не како преземање, оти тоа не би било споиво со грчкиот менталитет и грчката гордост.“ Но, ова не го попречува Рајхенбах, отворено да говори за проблемите. „Грчката администрација мора да стане поефикасна и да биде појасно структурирана, и со тоа да добие можност, да го придружува стопанството во позитивна смисла, а не само на економијата да и’ поставува камења на патот.“
Кои се проблемите во регионалниот развој?
Друг проблем претставува собирањето на данок, заострен со фактот, дека не секаде во Грција има катастар. Затоа групата на Рајхенбах се обидува да помогне и на ова Фотографија: dapd поле. Иронично делува дека Грција и натаму не ги требувала европските пари во висина од милијарди, наменети за регионален развој. За да го поттикне овој развој во Грција престојува и Јоханес Хан од Европската комисија одговорен за регионален развој.
Со министрите и регионалните гувернери Хан склучи околу сто проекти, кои треба да бидат започнати уште годинава. Но, зошто токму сега? Освен општата тромост на администрацијата, Хан наведува уште еден проблем. „Речиси на сите средби бев конфронтиран со проблемот на откупување на земјиште за државни цели. Владата безусловно мора да стори нешто на тоа поле, оти очигледно тоа е еден од клучните проблеми, кој пред се’ ги кочи големите сообраќајни проекти или еколошките проекти.“
Притоа не станува збор замо за одолговлекување, туку трошоците за откупување на приватен имот се особено високи. Во европски просек, тие изнесуваат два до три проценти од трошоците за проектот, додека во Грција се искачуваат и до десет проценти.
Неопходни се инвестиции и стопански пораст
Претставниците на Комисијата Хан и Рајхенбах постојано велат дека не станува збор само за штедење. Исто толку важни се и инвестициите и стопанскиот пораст. Шефот на Таск-форс тимот Рајхенбах во никој случај не смета дека Грција е безнадежен Хорст РајхенбахФотографија: DW случај. „Не смееме да заборавиме, дека Грците на почетокот на ова столетие беа многу успешни и имаа стапки на пораст, кои беа над европскиот просек. Тоа значи дека таму постои потенцијал. Овој потенцијал мора да се заживее и уверен сум дека многумина Грци во тоа гледаат шанса за подобра иднина. Но, се разбира има и голем отпор.“
Рајхенбах смета, дека Грците одамна сфатиле дека едноставно не може да чекаат на помош од надвор. Ова го потенцира и грчкиот министер за регионален развој Михалис Хрисохидис, по разговорите со Комисијата. „Имаме избор. Или ќе вложиме напор и ќе бидеме спасени или ќе западнеме меѓу чеканот и наковалната. Тоа би било катастрофално.“
Но, што ако се случи поинаку? Што ако Грција не ги исполни очекувањата? Дали треба да се допушти Грција да банкротира? Хорст Рајхенбах дипломатски одговара на ова прашање: „Во таа дебата не се впуштам.“