Насилство во Израел
1 јули 2005а и против нив настапи армијата. Во Изреал сега жестоко се дебатира околу овој проблем.
Во Израел постои едногласност: беше тоа обид за линч. Фанатични млади доселеници на југот од појасот Газа во средата вечер каменуваа до смрт еден Палестинец:
Треба да се заблагодари на храброста на неколумина новинари што повредениот млад човек, повеќе мртов отколку жив, можеше да биде евакуиран. Со тешки рани на главата и во критична состојба, сега е воболница во Кан Јунис во појасот Газа. Сликите на драматичниот настан што ги објавија сите израелски медиуми ја потресоа израелската јавност. Ајала Часон, еден од најреномираните радио-телевизиски новинари, зборуваше за многумина кога по повод сликите изјави:
„Не сакаме никакви хулигани ниту солдатеска, никакви случаи на линч, не сакаме да го загубиме човечкиот лик, ниту да го правиме она што ни беше правено нам во годините на прогонот„.
И раководството на населбата се дистанцираше од младите хулигани кои сакаат да предизвикаат ескалација на насилство. Шаул Јахалом, пратеник во Кнесетот на десно-радикалната национално религиозна партија, ја осуди постапката на младите во појасот Газа. Не можат притоа да се повикуваат на еврејската релегија зашто јудејството наложува да се почитува човековото достоинство на секој поединец:
„Еврејската релегија вели уште нешто: дека ние можеме да живееме во Израел се додека сме морални. Ако сме неморални, земјата ќе не проголта. Затоа сите што прават вакви неморални постапки мораат да знаат дека можеби за казна поради нивните дела ќе мораме да ја напуштиме земјата„.
Пратеникот Амрам Мицна од работничката партија ја критикуваше армијата зашто, според него, не направила доволно да го заштити повредениот Палестинец. И дополнува:
„Оној што учествува во такви безредија и припаѓа на еврејската толпа што не знае за никаков господ. Јасно велам дури и ако се нарекуваат Евреи, тиа немаат господ„.
Јоши Сарид од опозиционата Јахад партија ги обвинува политиката и безбедносните сили кои ги зтаворија очите пред екстремистичките групации на фанатичните млади:
„Ги обвинувам оние што дозволија да дојде до таму. Зашто тоа беше обид за линч кој можеше да се предвиди. Овие хулигани повеќе од две недели се во појасот Газа. Уште пред тоа имаше повредени и истрели. Беа напаѓани полицајци, војници и Палестиници, но владата и армијата ниту нешто слушнале, ниту нешто виделе. Наликува како да беа заинтересирани за ескалација. Немам друго обајснување„.
Во меѓувреме армијата го прогласи Гуш Катиф, еврејски блок населби на југот од појасот Газа за затворена воена зона. Со тоа се сака да се спречи да дојдат нови групи екстремисти што сакаат да го спречат планираното повлекување.