Надица и Игор Станчеви ги имаат напуштено своите основни професии: економијата и електро-техниката и веќе подолго време своето необично хоби го имаат претворено во професија. Тие изработуваат мушички за риболов за светскиот пазар а имаат освоено и бројни награди. Од својата 5 година во работата им се приклучила и ќерката Лара.