Микрокосмос на германската поделба!
21 септември 2011Реклама
Разделби и копнежи, најдежи и очај, радости и стравови...Ваквиот емоционален набој е запечатен во атмосферата на павилјонот од стакло и челик на станицата „Фридрихштрасе“, кој од 1962 та до 1990 беше граничен премин од источниот кон западниот на поделениот Берлин. Оние кои тука пристигнуваа од Запад, а потоа си заминуваа назад, од блиските беа пречекувани и испраќани со солзи. Затоа оваа градба на архитектот Хорст Лидериц, која првобитно била замислена како царински пуникт, народот ја нарекол „Палата на солзите“. Деновиве тука е отворена постојаната поставка за секојдневието во некогаш поделениот град, на која се изложени оригинални предмети, печати, униформи, шверцувани книги, фотографии, па дури и една кабина.