Медведев доаѓа во Берлин
5 јуни 2008Главниот координатор на германската влада за германско-руските односи, др. Андреас Шокенхоф, во вторникот вечерта во Берлин ги изнесе очекувањата од разговорите на канцеларката Меркел со новиот руски претседател:
„ Канцеларката неколку денови по изборот на Медведев беше во Москва. Лично го запозна и мислам дека разговараше со него за сите прашања за партнерството на ЕУ и Русија. Сега е време кога треба да започнат преговори за нов партнерски договор, договор за соработка. Но од друга страна исто така и за други меѓународни прашања, како она за Кавказ, или нашиот однос кон Иран, или за прашањата за Блискиот исток. Станува збор за широка палета. Јас неодамна кажав, дека она што Медведев го зборуваше за време на неговата инаугурација треба сериозно да се земе во предвид. Многумина велат дета тоа беше блеф и дека тој тоа не го мислел. Не. Ние треба да ги земеме во предвид тие зборови и треба да очекуваме, дека тоа ќе биде спроведено и околу тоа германската канцеларка сигурно со голем интерес ќе го распраша рускиот претседател„
Не е пожелен различен однос
Шокенхоф смета дека официјална Москва не треба да води различна политика во односите со земјите членки на ЕУ:
„Обидите на Русија за различен однос со различни земји членки на ЕУ не е пожелен. Кога на пример нафтата, гасот или сајбер војната ќе се искористи како инструмент на политичка моќ, тогаш се јавува една вид солидарност во рамки на една безбедносна унија, како што е ЕУ, во која ние ќе стоиме на страната на нашите ЕУ партнери.“
Сепак според Шокенхоф, односите со Русија се од исклучителна важност за ЕУ:
„ Русија со својата големина, политичката и воена тежина, енергетското богатство и економските потенцијале за нас Европејците е од стратегиско значење. Стабилен и просперитетен развој на Европа е можен само со Русија, а не против неа. Во наш интересе е Русија да се модернизира и тоа не само во делот на економијата„
Потребни сме си меѓусебно
Еден од клучните фактори за идните процеси е секако и модернизацијата на Русија на секој план. Шокенхоф вели:
„ На Русија и е потребна ЕУ за нејзината модернизација. Без технологија и инвестиции од земјите на ЕУ, руската економија нема да можа соодветно да ја подобри својата ефикасност на светскиот пазар. Без силно и независно цивилно општество, без критично ниво на јавна маса и без независни медиуми модернизацијата не е можна. Тоа јасно дојде до израз и за време на говорот на Димитриј Медведев во кој тој ја претстави својата програма. Да очекуваме и соодветни дела.“