Летна пинг-понг треска во Берлин
1 јули 2008Пријатно сончево попладне во Берлин . Игралишта со две камени плочи на држачи. Миха и Паула го играат одлучувачкиот сет. Другите млади луѓе кои седат околу плочата, со очила за сонце , шишиња пиво , внимателно набљудуваат . Секој во рацете го има својта палка и чека да дојде на ред. Еден нов тренд на користење на слободното време го освојува градот.
Зошто пинг-понгот е толку омилен кај младите?
„ Не е потребен некој посебен тренинг. Се вежбате додека трае играта . Ефтин е . Можете да играте надвор на отворено“- вели една девојка со палка во рацете. Нејзиниот соиграч дополнува :
„Убавото кај пинг-понгот е тоа што можете да бидете спротски активен по сите работни обврски а притоа да не морате да трчате илјада метри“
Пинг понгот нема култен статус само на надвор на отворено. Се повеќе барови и клубови ја открија љубовта за пинг-понгот кај младите. Во нив се поставуваат маси за пинг-понг и околу нив може да се танцува и да се пие.
Доктор Понг- пиво, чипс и пинг понг
Во локалот Др. Понг младите секоја вечер се среќаваат на голема пинг-понг забава. Зад шанкот се работи интензивно:
„ Се викам Ани , во моментов сме во Др. Понг на Пренцлауер Берг. Давам пари за пиво , палка за пинг понг и смоки Концептот е , луѓето да дојдат овде , да се забавуваат , да играат пинг-понг , да пијат пиво и да танцуваат. како странец можам да кажам дека за мене е кул што пинг-понгот насекаде во Берлин е популарен . Во Англија тоа не е така“
Така мисли и 25 годишната Кати од Берлин која вечерва во Др. Понг ја донесе својата пријателка Ејми од Лондон . Тие пијат коктел и насмени го гледаат мечот што е во тек:
„ Др. Понг? Овде сум по втор пат, донесов и пријател зашто ова е едно од најдобрите места , во кои сум била некогаш. Го сакам , само што сум малку предотерана. Некои овде го сфаќаат пинг-понгот многу сериозно и секогаш влегуваат во финале. Но ние сме тука само за пиење.„
Пинг-понг фешта и во социјалните жаришта во градот
Во Берлин има големи социјални и културни разлики. На играње пинг-понг доаѓаат како Берлинчани така и доселените во градот. На социјалните жаришта како што е плоштадот Хелмхолц на кој се собираат панкери , околу масата за пинг-понг се говори и за проблемите во соседството. 32 годишниот Мати секоја вечер доаѓа кај осветлената плоча за пинг-понг на која се игра до доцна во ноќта.
„Она што е особено интересно овде на плоштадот Хелмхолц е всушност мешавината од социјално ситуирана публика и сиромашните. Значи тука се создава социјалн мир при кој агресијата и насилството не излегуваат на виделина“
Значи при посета на Берлин не треба да се заборави да се спакува палка и топчиња за пинг-понг . Потоа може да се ужива во големата пинг-понг манија која ја зафати германската метропола.