Лекување на астма преку интернет
21 мај 2010Еден компјутерски програм, за набљудување на пациентите преку интернет, може да им помогне на заболените од астма да ја контролираат нивната болест. Теле-медицинскиот систем се покажа како многу добар за време на една студија што ја направија неколку холандски научници. Добрата вест тие ја соопштија за време на конференцијата „Американ тораксис сосајати“ во САД.
Учесниците во студијата еднаш дневно самите ја мереле концентрацијата на азотен моноксид што се испушта во воздухот и вредностите ги испраќале на интернет до соодветен медицински оддел. Таму лекарите врз основа на актуелните податоци даваат препорака за индивидуално дозирање и користење на кортикостероидите. Астматичарите што учествувале во студијата можеле многу подобро и со помалку лекови да ја контролираат болеста, отколку пациентите, кои се лекуваат на вообичаен начин и без онлајн програмата.
Автор: БОМ/ ТТ/ глп
Редактор: Александра Трајковска