Северозападна Албанија се празни. Сѐ повеќе села остануваат со по само неколку семејства. 86-годишната Мара Боци од селото Зимај има шест деца, од кои само еден син живее со нејзе во селото. А, и тој планира да замине...
Во округот Унгреј, каде припаѓа селото Зимај, на почетокот на 1990-тите имало околу 7000 жители, а сега се останати помалку од 3000. Се затвораат училишта, нема работа. Без инвестиции и поддршка селата ќе умираат и натаму, велат експертите.