Колку ќе живееш зависи од тоа каде живееш
26 март 2018Должината на живеењето во Германија се зголемува. Девојчињата кои сега се раѓаат, според пресметките на Сојузниот завод за статистика, ќе живеат во просек по 83 години и два месеца. Момчињата, според очекувањата, треба да живеат во просек по 78 години и четири месеци. Тоа значи дека проценките за должината на животот за двата пола се зголемени за по два месеца во споредба со претходната пресметка.
Најдолги се очекувањата за животот на новородените во покраината Баден Виртемберг и тука не е ништо променето со години. Во оваа покраина на момчињата кои сега доаѓаат на свет им се предвидуваат во просек по 79 години и шест месеци живот, додека кај девојчињата возраста е 84 години. Најниски животни очекувања за момчињата има во покраината Саксонија Анхалт - 76 години и 4 месеци, додека најниски очекувања за девојчињата има во покраината Сар - 82 години и 3 месеци.
Повеќе:
- На Германија итно ѝ требаат негуватели од странство
- „Цути“ бизнисот со старечки домови
Продолжени се очекувањата за должина на животот и на оние кои сега се стари лица. Оној кој како маж во Германија ќе го достигне прагот од 65 години, статистички погледнато, може да живее уште 17 години и десет месеци, додека една жена која го достигнала прагот од 65 години, според статистиката, може да живее уште 21 години. Зголемувањето кај мажите изнесува два месеца, додека кај жените еден месец.