Карневалот на културите во Берлин и годинава без Македонци
Силвера Падори-Кленке8 јуни 2014
Од петокот (06.06.) до утре (09.06.) во Берлин по 19-ти пат се оддржува Карневалот на културите, на кој меѓу 800 музичари и 5.400 уметници и карневалисти од светот нема претставници од Македонија и Балканот!
И овој викенд, традиционално по 19-ти пат, сиот свет е во Берлин. И тоа на улиците на мулти-културниот кварт Кројцберг, каде од петокот стартуваше уличниот фестивал, кој кулмиунацијата ја има денеска со големата карневалска поворка на која се претставуваат82 групи со 5.400 учесници. Проценка е дека традиционалната парада, која е јунскипразник на престолнината, ќе ја проследат над 1,3 милиони берлинчани и гости од Германија и светот.
Четиридневниот карневал започна во петокот попладне со уличниот фестивална „Блихер штрасе“. На 350 штандови се продаваат традиционалните пијалоци, храна, дребулии, облека од сиот свет. Небаре сиот свет е преселен во овој дел од градот, каде буквално е како во кошница - човек не може да се размине, трешти музика од сите страни, на која безмалку секој си танцува по сопствен ритам. На четирите бини секој час се менуваат музичари и групи од сиот свет. Во паркот меѓу бините, каде се одвива манифестацијата „Расите во акција“, настапуваат над 300музичари, уметници, актери. Но, меѓу сите овие лица од светот, кои го презентираат својот идентитет, нема ниту еден претставник од Македонија, а нема претставници ниту од Балканот. Нив ги нема ниту меѓу карневалистите во големата поворка.
Традицијата и карневалот
Група тапанари од Африка беше магнет за посетителите на уличниот фестивал во КројцбергФотографија: DW/S. Padori-Klenke„Вистина е декагодинава во поворката на Карневалот на културите нема претставници од Македонија, ниту пак од Балканот. Македонците и до сега ги немаше. До пред некоја година се претставуваше едно фолклорно здружение наХрватите кои живеат во Берлин, но и нив ги нема во последните години. Факт е дека има многу мал број групи од Европа. Најбројни се оние кои ја презентираат културата од Јужна Америка (Бразил,Аргентина, Колумбиа), Азија, Африка - кои за Германиците имаат егзотичен карактер. Всушност тие карневалот го имаат традиционално во својата култура и оние кои доаѓаат оттаму тоа и тука го презентираат“, вели за Дојче веле Штефани Шате од организацијата наКарневалот на културите.
За традицијата околу карневалот која ја има Македонија (Струмица, Вевчани, Прилеп, на пример) организаторите многу не знаат. Но, подвлекуваат дека отсуството на многу нации од Карневалот се должи на финансискиот фактор. Навистина Сенатот на Берлин за Карневалот издвојува270.000 евра, но износот се одлева заобезбедувањето на потребната инфраструктура: блокирање на улиците, обезбедување подвижни тоалети, отстранување на сметот. Значи оние кои сакат да учествуваат на карневалот и поворката мораат самите да си ги покријат трошоците. А, тие не се мали. Костимите, придружната музика и возило чинат од 2.000 евра па нагоре. Некои се подготвуваат и со месеци, што значи мора самите и времето да си го платат!
„Оние кои немаат искуство, често се случува поради карневалот да се задолжат зашто не се во состојба да ги обезбедат потребните спонзори. Некои, најчесто музички групи, се пријавуваат, нивните имиња може да се сретнат во програмата, а потоа ги нема - зашто не ги обезбедиле парите за патните и трошоците за престој“, објаснува Шате. Годинава посебно актуелен е Бразил - со фудбалот, но и со егзотичните пијалоциФотографија: DW/S. Padori-Klenke
На четирите бини -Еуразиа, Фарафина, Латинаута и Базар Берлин, во делот „Расите во Акција“ и „Музиучкото ќоше“, за четирите фестивалскидена е планиран настап на 108 групи со над 580 музичарии ДЏ. Меѓу нив во петокот вечерта требаше да настапатдва оркестри со балканска музика. Но, во одредената сатница ги немаше. Организаторите не’ информираа дека музичарите не ги обезбедиле потребните средства за пат, па на нивно место настапија други бендови.Своиевидна утеха, но и куриозитет е што вечерва со музика од Балканот настапува оркестар од Аргентина!
Фудбалот дел од карневалската програма
На уличната карневалска поворка, која стартува денеска во 12:30 часот на Херманплац,учествуваат 5.400 танчери, во 82 групи од кои 13 премиерно се во Берлин. Многу теми на карневалистите и музичарите главно редовно се повторуваат:заштитата на животната средина, претставување на традиционалните костими, фолклорот и сл.
„Секоја година, меѓутоа,има и некоја посебна, хит-актуелна темакоја се обработува од страна на учесниците на карневалот. Годинава тоа е светското фудбалско првенство. Под мотото ,„Леб и игри“ со оваа тема се занимаваат карневалистите од првата школа за самба во Берлин. Политичка нота секако има инастапот на ’Амнести интернешенал’чии костими се сконцентрирани наслободата на телото - секој да прави со своето тело она што го сака“, подвлекува за ДВШтефаниШате.