Какви се односите меѓу Берлин и Париз?
9 јуни 2008„Штотуку телефонирав со идниот француски претседател и му честитав. Разогваравме за натамошно интензивирање на соработката меѓу Франција и Германија“ – порача канцеларката Ангела Меркел минатата година, непосредно по претседателските избори во Франција. Таа го користи секој момент да остави впечаток дека односите меѓу Берлин и Париз речиси и не можат да бидат подобри.
И шефот на Елисајсаката палата се труди: „Никогаш не смее да биде жртвувано ова пријателство, кое опстоја во толку многу ситуации и кое ги спојува францускиот и германскиот народ!“
Над небото меѓу Париз и Берлин има се’ повеќе темни облаци
Германските медиуми шпекулираат за доаѓање на ново ледено доба меѓу двете големи сили во ЕУ. Главна причина за тоа се самостојните излети на новиот француски претседател на надворешно политички план и неговиот силен порив за лично профилирање. На пример со иницијативата за формирање Унија на земјите од Средоземното море, во која би членувале само земјите од ЕУ кои имаат излез на морето и соседите од другата страна. Германската канцеларка се спротистави на таквата иницијатива, нагласувајќи дека тоа може да ја подели ЕУ.
По повеќемесечни преговори, Меркел и Саркози најдоа компромисно решение: „Многу сум задоволна што се договоривме. Германија и Франција размислуваат како од новата унија да создадат поле за соработката не земјите од ЕУ и од регионот на Средоземното море. Оваа соработка е задача на сите нас во Европа!“
Кој е главен играч?
Во полза на соработката на Берлин и Париз зборува успехот околу европскиот реформски договор. Иако и тука Никола Саркози се обиде да ги собере сите ловорики, а на Меркел да и’ ја остави улогата на спореден играч:„Многу сум му благодарна на Никола Саркзои што како ново избран претседател направи смел чекор за да и’ помогне на Европа да се излвече од застојот.“
Во полза на старото пријателство зборува и одлуката на самитот на НАТО во Букурешт Германија и Франција заеднички да бидат домаќини на следниот, јубилеен самит наредната година.