Италија стравува од терористички напади
24 декември 2003Ниту една друга европска земја нема толку културно историски објекти,цркви и катедрали како Италија.Рим и Ватикан важат за центар на Христијанството.Токму во тоа лежи и стравувањето дека овие светски атракции би биле можна цел на терористички напади од страна на исламските екстремисти,посебно за време на Божик.
Владата во Рим освен тоа ја поддржа американската војна против Ирак,а нејзините војници и полицајци беа мета на напад во Ирак,кога загинаа 19 луѓе.По најновите терористички закани се зајакнати мерките за безбедност,Ииталијанските весници пишуваат за т.н. Натале блиндато-блиндиран Божик.
Генералниот секретар на исламските организации во Италија Хамза Роберто Пикардо деновиве ја споменува приказната со волкот и овчарот.Ако премногу често се вика волк,а волкот не се појави,нема да се верува и кога навистина ќе има опасност,вели Покардо и додава дека толку се зборува за терористички напади што некој би бил испровоциран навистина да направи нешто.
Од септември 2001 година во Италија постои уверување дека по нападот врз Светскиот тгровски центар ,како симбол на западната цивилизација и економската моќ,би можел да уследи напад вр симболот на западната култура и духовноста.Многумина сметаат дека тој симбол е црквата Свети Петар во Рим,како седиште на најстарата и најголемата христијанска црква-латоличката.Според тоа мислење,куполата на црквата претставува идеална цел за пилотите-камикази,а Божик време во кое би имало најголем одек.
Стравувањата на Италијанците дека може да дојде до напад врз нивната земја пораснаа по нападот врз касарната со италијанските полицајци во Ирак.По апсењето на Садам Хусеин,италијанскиот министер за внатрени работи Ѓузепе Пизану изјави дека среднорочно има основа за сомнеж за евентуални терористилки атаци.На таа тема на новогодишниот прием за дипломатскиот кор зборуваше и италијанскиот претседател Азељо Чампи:
-На тероризмот мораме да му се спротиставиме со решителност,за што се потребни финансиски средстав пред се,но и луѓе и политичка волја.Но,не е доволно само спротиставување-тероризмот мора да биде искоренет,а за тоа е потребно да се отстрани она со што тој се храни,рече Чампи.
Станува збор за долгорочен потфат.Што се однесува пак на божиќните празници,властите составија листа од осум илјади објекти кои се ставени под посебна заштита- цркви,синагоги и многубројни знаменитости во градовите како што се Венеција,Милано,Фиренца или Рим.Ангажирани се околу 12 илјади полицајци и 4 илјади војници.
Мерките за безбедност не се засилени само на местата кои имаат симболично значење или се од културно историска вредност.Контролата е заострена и на аеродромите,на железничките станици,во хотелите,трговските центри и големите кина.