Italien Erdbeben
8 април 2009Во овие часови и денови Италија ја обединува едно необично чувство на взамена припадност, тага по жртвите и помош за семејствата на загинатите и оние кои претрпеа големи штети. Ова е забележително и утешно во земјата, која се одликува со големи регионални разлики и каде кај многумина се забележува одредена рамнодушност во однос на општото добро, а чие општество се чини дека честопати е политички поделено до степен на непомирливост.
Дури и владата на „медиумскиот“ премиер Силвио Берлускони, на која во странство со право се гледа со недоверба, во овие моменти се однесува исправно. Берлускони е присутен на местото на катастрофата, а не како вообичаено повлечен, препуштајќи им ги секојдневните работи на другите. Берлускони се обидува да ги охрабри луѓето, и тоа сите негови сонародници. Поинаку отколку вообичаено, досега не се случи од него да се чујат познатите банални префрлувања на вината врз неговите политички противници, како на пример со проблемот околу депонијата во Неапол.
Земјотресите се’ уште не може да се предвидат
Но, пред се’: постигнувањето на спасувачките екипи не е доволно признато. Можеше да се чуе и иритирачката информација од самоименуван ексерт за земјотреси. Тој предвидел и предупредил од земјотрес. Мнозинството сериозни научници и натаму едногласно уверуваат, дека земјотрес од вакви размери не може да се предвиди со денешните технички средства.
Цивилните служби во Италија вршат изворедна работа, спасувачките екипи и хуманитарните организации, со оглед на тежината на катастрофата, беа најдобро подготвени.
Се разбира, одлучувачки ќе биде, колку континуирано ќе пристигнува помошта, кога рефлекторите на камерманите нема веќе да бидат вперени кон Лаквила. Важно е парите за помош, кои владата ги става на располагање, да не пропаднат во темни канали, како што беше случај при други земјотереси. Досега луѓето кои успеаја да си го спасат животот од под урнатините со години беа заглавени во импровизирани сместувалишта.
Дали може да помогнат градежните прописи?
Се разбира ќе се зборува и за прашањето, за кое водечкиот економски весник во земјата сега се обидува да најде одговор: Зошто утврдените градежни прописи, по последниот голем земјотрес во регионот Молисе, кога во Сан Џовани ди Пуља при уривањето на училишната зграда беа затрупани 27 деца, не најдоа примена во законите?
Но, на крајот и укажувањето, дека покрај новите градби, кои се урнаа, опустошени се и многу стари куќи, на кои не се однесуваат прописите. Останува на тоа: Италија има многу стари градби, и лежи на високо сензибилен сеизмички терен. Да се промени ова, едноставно е невозможно.
Така Италија, земјата полна со сомнителни нешта, но и чуда, во овој час на нужда го покажува своето љубезно лице: вистинското сочувство, подготвеност за помош и ангажман за блискиот, па колку и да треба да се вложи сопствена сила.
Автор на коментарот: Грегор Хопе
Превод: Александра Трајковска
Редактор: Жана Ацеска