Иран повикува на уништување на Израел
27 октомври 2005Новиот претседател на Иран не сака да го слушнат само во Иран, туку ширум светот. Затоа натписот на плакатот на неговата говорница беше напишан на англиски„свет без ционизам„
Ахмадинеџад пред студентите зборуваше два дена пред „Денот Кудс„ на кој се одржуваат масовни демонстрации организирани од државата. Обичајот го воведе покојниот Ајатолах Хомеини. Тој, како што истакна Ахмадинеџад го предвиде распадот на комунизмот и падот на Садам Хусеин.
Иранскиот претседател изјави оти се надева дека ќе се оствари и третото предвидување на починатиот водач. Уништување на малигниот тумор кој се вика Израел. Индиректно, претседателот на Иран ги повика палестинците да извршуваат атентати, со зборовите дека тие мора да се борат против ционизмот и Америка, се додека туморот не биде отстранет.
Не спомнувајќи имиња, тој ги предупреди сите исламски земји со зборовите: „Кој ќе го признае Израел ќе изгори во оганот на исламскиот свет„
Египет одамна го призна Израел, Пакистан неодамна го испрати министерот за надворешни работина први разговори со израелскиот колега. Турција го оствари овој контакт и има одлични односи со Израел.
Иранскиот претседател не сакаше да признае дека повлекувањето од појасот на Газа е знак на добра воља. Според него тоа е само нов трик на израелските интриганти. Ова е прв пат во последните неколку години висок ирански претсавник јавно да пропагира против израелската држава. Иран одамна поседува ракети со среден дострел кои можат да допрат до секоја точка во Израел. Најголема грижа на западот е дека тие ракети еден ден можат да бидат наполнети со нуклеарна муниција.