Ирански закани кон Израел
20 август 2004Зголемените закани на САД и Израел дека ќе го донесат Иран пред Советот за безбедност поради неговата атомска програма, во Техеран во последно време предизвикаа растечки агресивна атмосфера. Пред се дека ќе биде отажана соработаката со Меѓународната агенција за атомска енергија. Меѓутоа, во последно време Иран не се воздржува да најави и акти на одмазда во случај на напад. Дури и закана со превентивен удар. Нема едноствано да седиме и да чекаме што имаат намера да прават другите, изјави иранскиот министер за одбрана Али Шамани во едно интервју за катарската телевизија Ал Џазира, подвлекувајќи дека во Иран постојат високи офицери кои сметаат дека превентивниот удар не е монопол на САД. Ваквото отворено предупредување и закана со напад предизвика изненадување. Имено, Техеран се изјаснуваше против американското присуство во Ирак, како и против притисокот на САД околу иранската нуклеарна програма, што се чинеше дека се сака да се спречи ескалација. Шамани притоа не мислеше само на Американците, туку подеднакво и на Израел: без зелено светло од Вашингтон, Израел сигурно не би дејствувал и затоа обете земји мораат подеднакво да се третираат. Министерот притоа игра на предупредувањето на еден висок ирански генерал кој пред неколку дена изјави дека и при најмал напад на Израел врз иранскиот атомски реактор Бушхер, Израел, цитат:“ Може да го заборави својот атомски центар Димона во кој се произведува и се лагерува атомско оружје“.
Предупредувањето се совпадна со веста дека Техеран извршил успешно тестирање на ракетата од типот “Шихаб 3“. Нејзиниот дострел е илјада и 300 километри што значи достига и до Израел. Во последно време и Израел ги интензивираше напорите во развојот на неговата ракета за воздушна одбрана “Ероу“, но не е сигурен како ќе функционира наспроти “Шихаб 3“. За секој случај во последно време во Димона се поделени таблети што ги редуцираат влијанијата од можен напад врз израелскиот атомски центар.
Ескалацијата е дел на еден огорчен судир меѓу Иран и Изарел: пред исламската револуција Израел беше близок соработник на шахот и му помогна во формирањето тајна служба, образуваше дел од неговите офицери и профитираше од снабдувањето со нафта од Иран. Со револуцијата тоа заврши, а мулите Израел го прогласија за непријател број еден, дури и пред САД кои барем ги признаваат како држава. На Израел му се одрекува секакво постоење. До денес Техеран нема никакви односи и со Египет, зашто склучи мир со Израел. Ваквото однесување на Техеран му досега му носеше зачудувачки малку надворешно-политички тешкотии. Дури и германскиот министер Јошка Фишер, кој одржува добри односи и со Израел и со Палестиниците, досега во Техеран е коректно третиран, но само затоа што ова не е тема за време на неговите посети.