Индиски звуци низ улиците на Берлин
19 јули 2006ДиЏеј Рами е најпознатиот и најуспешниот ДиЏеј на Иднија и се залага за интернационален звук, но за фестивалот во Берлин тој сепак сака да звучи малку идниски „Луѓето може да препознаат на некои саунди. Звучи поинаку. Се забележува малку флејта.“
За Рами Шарма мега ивентот во Берлин е нова можност за негова презентација на светската техно сцена, но можност да се покаже и модерна Иднија „За мене ова е шанса да се презентира Индија на глобално ниво. Како земја каде младите се образовани и ги познаваат модерните текови, впрочам како и на сите други места во светот. Ние сме глобални и не живееме само во Индија. Целито свет е наша татковина.“
На Loveparade годинава за првпат имаше и танцувчки камиони од странство,со Ди Џеи и танчери. Ди Џеј Рами и Клаб Климакс ја затапуваа Инидја. Ова воендо беше и исполнување на неговиот сон, вели Ди Џеј Рами, кој за првпат ја дожиеа Loveparade во 1997 година но во публиката „Кога одев низ улиците си мислев „Вау што е ова“. Потоа сонував Loveparade да ја донесам во Индија. Го дадов најдоброто, имав успеси и неуспеси. Изгубив многу пари.“
Навистина во Индија, земјата каде царуваат љубовните песни во продукција на Боливуд, е тешко да се биде техно Ди Џеј. Кога има големи натсани и во Њу Делхи настапуваат познати светски имиња од браншата, Ди Џеј Рами успева да собере три до четири илјади луѓе. Техното во Индија е страст на малкумина, како што вели и Рами кој себе си се гледа како енден вид техно – мисионер „Техно музиката овде ја прифаќаат оние кои патуваат во странство. Тоа не е музика за масата, туку за повисоката класа. Техното овдека не е комерцијализирано. “
Ди Џеј Рами беше дотолку посреќен кога ја доби поканата да настапува во Берлин „За мене тоа значеше како да ќе учествувам на доделување на Оскар. Да настапуваш како индиски Ди Џеј На Loveparade, тоа е мојот најголем успех.“
Ди Џеј Рами веќе 14 години е во срцето на техно музиката, и сега си исполни еден свој сон, да учестувува како музиччар на Loveparade во Берлин. Но тука не запира, тој продолжува да сонува друг сон односно да организира индиска Laveparade.