Израел привршува со расчистувањето на населбите – што понатаму, по целосното повлекување од појасот на Газа?
22 август 2005рламентарните избори, бара Израел да се повлече и од Западниот брег.
Денеска израелската армија треба да го евакуира Нецарим, последната од 21 населба во појасот на Газа. Вчера беа расчистени три населби, иако повторно гореа барикади од автомобилски гуми, дрвени палети и бали слама, што ги поставија демонстрантите пред населбата Катиф. Наместо првобитно предвидените три недели, расчистувањето ќе заврши за осум денови. Неделава претстои расчистување и на четири населби во Западен Јордан, исто така дел од планот на Шарон. Во две од нив се очекува силен отпор на особено радикални доселеници, кои се забарикадирани и се закануваат со употреба и на оружје. Шефот на израелската влада Ариел Шарон повеќепати нагласи дека по повлекувањето на околу 8 илјади доселеници од појасот на Газа, нема намера да менува нешто во големите населби на Западниот брег или во статусот на Ерусалим. На Западниот брег живеат околу 240 илјади израелски доселеници, а во Источен Ерусалим, исто така окупиран во 1967-ма година, околу 200 илјади. И покрај делумно драматичните сцени при расчистувањето, мнозинството – 54 проценти - од израелските граѓани и натаму е за повлекување од Газа, а 39 насто се против.
Во напуштените населби во појасот на Газа израелската војска веќе започна со уривање на куќите. Дури по уништувањето на сите куќи и демонтирањето на сите воени постројки, израелската армија ќе им ги предаде тие области на палестинските автономни власти, а тоа може да потрае и до октомври. Еден дел од шутот Палестинците сакаат да го уоптребат за градење морско пристаниште јужно од градот Газа, а остатокот треба со египетска помош да биде однесен на полуостровот Синај.
Еднодневниот прекин на израелската операција за принудно расчистување на еврејските населби поради празничниот ден сабат, претседателот на Палестинците Mахмуд Абас го искористи за повторно да упати мировен апел. Повлекувањето од појасот на Газа е само прв чекор; Израел потоа мора да и’ стави крај на својата политика на населување и на Западниот брег на Јордан, како и во Источен Ерусалим. По разговорот со американскиот пратеник за Блискиот исток Дејвид Велч, Абас рече дека САД ќе ја поддржат обновата на појасот на Газа со 80 милиони долари – 50 за изградба на станови, а 30 милиони за обезбедување вода за пиење. Сега треба да се оствари решението за две држави, кое го најави претседателот Џорџ Буш. „Една палестинска држава би живеела во мир крај Израел“ рече Абас. Кон средината на септември Шарон и Абас ќе агитираат во Генералното собрание на ОН за меѓународна поддршка.
Претставник на радикално-исламското движење Хамас најави продолжение на оружената борба се’ додека Израел опстојува врз окупација на палестински подрачја. Хамас е омилен кај населението поради социјалните ангажмани, на локалните избори имаше голем успех пред се’ во појасот на Газа и сака да учествува и на претстојните парламентарни избори. Израелскиот премиер Шарон повеќе пати го наведе разоружувањето на Хамс и другите порадикални групи како услов за какви и да е натамошни мировни преговори.