Израел најавува продолжување на убиствата
19 април 2004Независно од меѓународните критики поради убиството на лидерот на Хамас, Абдел Азис Рантиси, Израел најави дека ќе продолжи со целните убиства на милитантни Палестинци. Премиерот Ариел Шарон во Ерусалим изјави дека неговата земја и во иднина ќе ликвидира водачи на терористички организации.
Убиството на Рантиси беше осудено во светот. Германскиот канцелар, Герхард Шредер, изјави дека регионот треба да се држи до мировниот план. Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Кондолиза Рајс, за телевизијата ЕјБиСи рече дека Блискиот исток би бил поблиску до мир преку реализацијата на предлогот на израелскиот премиер Шарон за повлекување на еврејските населби од појасот Газа. САД не биле информирани предвреме за акцијата на убивање на Рантиси, ниту со нејзе се согласиле, подвлече Рајс. Времето кога е извршено убиството не е од помош, но Израел има право на самоодбрана, вели советникот за национална безбедност на американскиот претседател.