Израел и Брегот на храмовите: во што е спорот?
17 февруари 2007�рамовите, прилог на Клеменс Ференкоте:
Само навидум станува збор за прашањето дали градската управа на Ерусалим смее да смени еден дрвен пешачки мост оштетен пред две години од обилните дождови. Немирите на Брегот на храмовите имаат друга причина: станува збор за одржувањето на исклучително нестабилното статус кво што важи од освојувањето на стариот дел на Ерусалим од страна на Израелците во 6-дневната војна во 1967 година меѓу Израел и Јордан, како и исламската фирма „Вакф„. Конкретно, кој ја има конорлата врз стариот град и пред се над Брегот на храмовите:
На местото на кое на 7 февруари еден голем жолт багер започна со првите земјени работи, се допираат еврејските и муслиманските верници кај нивните свети места: лево се отвора широк предпростор кон Ѕидот на плачот, единстевниот остаток од вториот храм што го уништија римските окупатори 70 години по Христос и кој го претставуваше највисокото еврејско светилиште. Патот десно води преку висока рампа кон „Муграби портата„ единствената што не води низ муслимански терен, односно просторот на кој меѓу другото се наоѓа џамијата Ал Акса.
За време на првите денови од работите пред Брегот на храмовите, арапските телевизиски канали „Ал Арабија„ и „Ал јазерах„ скоро непрекинато објавуваа слики и тонови во живо од овие активности:
Регуларна дозвола за работа немаат ниту градската управа на Ерусалим, ниту израелските власти за археолошки истражувања кои токму тоа сакаа да го направат. Според извештаите на израелскиот весник „Хаарец„ надлежниот министер есента минатата година не дозволил да се гради нов мост кон спорната „Мугаби порта„. Додуша земјените работи се одвиваат надвор од Брегот на храмовите, меѓутоа местото е сензибилно за да се дозволи работа на израелските багери. Дури неколку дена по почетокот на работите, градоначалникот на Ерусалим Луполиански повлече сопирачка и го најави она што требаше да се направи многу порано: плановите да се презентираат пред одборите на градското собрание, а на јавноста, пред се на арапското мнозинско население во источен Ерусалим, да му се даде право на соодлучување. Градоначалникот изјави:
„Никој не треба да верува дека овде се случува што и да е тајно. Никој не треба да мисли дека постои намера за повредување, не дај Боже, на Брегот на храмовите или на кое и да е друго место„.
А, токму од тоа страхуваат муслиманските демонстранти. Градежните работи врз планираниот пешачки мост додуша престанаа, но археолошките ископувања продолжуваат. Се вели дека Израел сака да направи нов тунел до неколку метри пред надворешниот ѕид на Брегот на храмовите. Пред светските медиуми некои од демонстрантите протестите вака ги образложуваат:
„Овде сме за јасно да ставиме на знаење дека сме против каква и да е активност на Израелците – во Ал Акса и надвор од неа. Израел е окупаторска сила. Секое дејство овде е меѓународно илегално. Затоа бараме целосно запирање на сите работи„.
Барање што шефот на ископувањата Јувал Барух стриктно ги одбива:
„Воопшто не доаѓаме во близина на Брегот на храмовите. Нема никаква поврзаност меѓу ископувањата и просторот на брегот. Напротив. Работиме неколку метри подалеку. Ископувањата се отворени и секој што сака да погледа може веднаш да дојде„.
Меѓу другите ќе дојде и турскиот амбасадор во Израел. Тој треба да провери, како што му вети израелскиот премиер Ехуд Олмерт на неговиот турски колега Реџеп Ердоан, дали со ископувањата можат да се оштетат фудамнетите на џамијата Ал Акса.