Израел доби нова Влада
11 јануари 2005Реклама
Главна цел на формирањето на новата влада е реализацијата на планот за повлекување од појасот Газа, почнувајќи од јуни, како и евакуција на сите евресјки населби подигнати таму од 1967 година кога Израел ги окупираше палестисните територии.
Меѓу деветтемина нови министри е и лидерот на лабуристите, 81 годишниот Шимон Перес како министер без ресор и втор човек во Владата.
Во новата израелска влада се застапени партии од разни позиции на политичкиот спектар. Десничарскиот ликуд на премиерот Шарон, левичарските лабуристи како и влијателната партија на ултраортодоксните евреи.
Шарон минатата година ја загуби поддршката на мнозиството во парламентот по разидувањето со дотогашните колациони партнери ултранационалистичките партии.